Прво се поминува генерален тренинг 1-2 недели макс, потоа следува обуката за клиентот кој ќе ви е доделен. Во мојот случај обуката за клиентот траеше околу 1 месец,но сепак зависи од барањата на клиентот. Инаку првчниот договор е на 3 месеци, потоа на 6 месеци, а потоа на 1 година и потоа се обновува 1наш во годината.
Кој црн сертификат ти ќе искористиш во друга фирма? Тој сертификат и таа обука е за позицијата Медицински кодер. Значи најмногу малтретирање имаш тука, одиш на обука 3 месеци, платена како обука, за да го полагаш испитот на AAPC. Да, овој сертификат би ти важел ако бараш клиенти во Америка и работиш за клиники или болници таму, а кај нас можиш г..зот да си го избришеш со тој сертификат оти нема друга фирма што дава работни места на Медицински кодер. Така да не летајте во облаци со овие искази, прво информирајте се правилно па после коментирајте. И да, таа позиција моментално е најниско платена, а имаш најголеми одговорности, така да з.еби го тој сертификат и искуството на медицински кодер.
Оставете ги луѓето нека си пишуваат искуства. Сеедно дали позитивни или негативни. Зошто се вработил или не, негово право е. Дур не влезеш на работа од каде да знаеш ти шо ќе биди, како ќе биди?
Хе хе, дали озбилно мислиш дека фирмата тоа што ќе ти претстави на интервју дека така ќе биде? Има многу мачкање очи ама слободно аплицирај да не испадне јас ве разубедувам. Па види сама дали чини. Иначе не чини се пишува одвоено и баш вакви како тебе бараат во фирми како Таскфорс.
Само англиски јазик ти треба. Call центар е, комуницираш/пишуваш мејлови исклучиво на англиски јазик, мислаам америчка фирма е.
Зависи која бранша. Customer Care, медицина е, ортопедија, очно, онкологија и сл. Збориш со пациенти,најпрво спремај се за челични нерви, работа под притисок ОГРОМЕН, бркање статистики, како што ти завршува тренингот, ќе треба се повеќе да бидеш брза и што побрзо да завршиш повик. Огромна концентрација да разбереш што ти зборуваат и да вратиш, просек се прават 60 повици на ден. Само втора смена, зависи клиентот што барања има, значи има смени од 12 часот, а има и 3та смена. Зависи од клиентот. Мислам дека сега почетна е 28 000.
Јас да ви кажам нешто за Таскфорс Кога завршив факултет Англиски прва дестинација ми беше да аплицирам таму, нели сите викаа знаеш англиски - супер ќе ти биде. Само што влегов на интервју со еден од “поглавните” кој наводно живеел во САД а имаше крајно broken english со саркастичност ми постави неколку прашања и на крајот ми рече: “Ти девојче со овој твојов факултет можеш само учителка да бидеш” и тоа ова го кажа со многу подбивен тон, го затвори cv-то се поднасмевна да си сфатам дека не сум квалификувана. Еве ме денес работам како маркетинг специјалист во една од најреномираните агенции во САД. Толку имам да кажам за ”компанијава”, фала пријатно!
Ете и во Штип ќе отвараат канцеларија https://www.linkedin.com/posts/mari...79?utm_source=share&utm_medium=member_android
Како искусна sales persona , ди реков дај да пробам нешто у МК работа да најдам да не биде се работам за америчка компанија - онлајн све од дома римоут и уживам! И преку врски дојдов до бројче до некој си таму надреден у Таскфорс и збориме ме прашува за искуство ова ома вика аха аха топ ( 3+ години дообро искуство) викам ако имате ремоут топ ако не не ми одговара, епа девојче знаеш немам ремоут а и немаме попладневни часови само од накај 10-11 навечер до сабајле трета смена се работи, добро викам а од други градови има од дома работа ? Па има , вели. Чудно ми беше се ова али нема врска - си држам до Линкд ин и римоут работа.
Иначе, нз колку пати кажав. Тие си праат како сакаат. Другаров се вработи римоут, кај нив, после го напнаа за од канцеларија, МОРАЛО хахах. И му даде отказ. Фала Богу. Сеа глеам примаат римоут од цела Македонија. Сеа молат за работници пошо им бегаат. Значи убао пишува на огласот REMOTE, а тие си праат по нивно. Као клиентот бара демек. Лаги со опашки. За Customer Care има смени од 12 ч на пладне. Таа е мислам најраната. Па се до даље.