Каква облека преферирате да носите тесна или поширока ? Јас повеќе сакам потесна облека, поудобно и поубаво се чувствувам.
Јас го кршам мразот,прва коментирам. Повеќе сакам широка облека,повеќе ми одговара бидејќќи цело време ѕенѕам и не ми е удобно
Јас сакам лелеаво, или горниот дел да биде малку широк(со тесни фармерки) или пак долниот дел од фустанот да биде поширок А во тесно од глава до пети нема шанси! Се осеќам како гола . И вулгарно.
Широка си носам по дома покомотно да ми биде. Тесна носам кога излегувам а и понекогаш и широки блузи си купувам и не ми смета тоа. Секако ми одговара на мене
За илзчегување претежно носам тесна облека,така се чувствувам посекси,сега има и моменти кога облекувам нешто полежерно но најчесто е тесно. За дома се знае дека си уживам во поширока облека која нема да ме стега.
Јас за излегување и училиште носам тесна облека,а понекогаш по дома си носам широка за да не ме стега...
Иако имам слабо торзо и ми стојат убаво тесни облеки, во последно време преферирам широчки блузи, лелеави, па во комбинација со тесни фармерки, салонка и плик-ташна, мераци Нема поневкусно од изглед на полна, да не речам дебелка девојка што упорно се вовлекува во тесни блузи и фустанчиња, без навреда Има толку избор и на спортски и на поелегантни широки облеки, со кои не само што се сокриваат недостатоците туку и супер изгледаат.
Повеќе тесна облека,таа ја носам когу сум надвор,а широка облека за дома,комотна е иако спомнав дека повеќе ми се допаѓа тесната.
Би рекла комотна. Во широко нема шанси, не сакам да се осеќам како вреќа. Широка гардероба повеќе стои на покрупни луѓе. На послабички вака ко мене оди потесна. Но не и ептен тесна да не можам да дишам. Значи комоција пред се'. А за по дома нормално тренерките се пошироки и со тоа покомотни за носење.
Најчесто тесно, ако имам фармерки тесни горе по широка маица или блуза реткои горе и долу тесно а фармерки панталони сукни најчесто тесни ги носам
Па зависи до пригодата и моментот. По дома постојано сум во поширока облека, се чуствувам по комотно. Имам некои парчиња облека што ги носам и надвор, во школо, за искачање... а се поширочки, но секако, се стои убаво, ако убаво се искомбинира. За фармерки, секогаш преферирам тесни, „цевка“ фармерки. Другите неможам да ги носам, па дури и ако ми се многу малце широки, неможам! А за блузи, маички и сл. како што кажав, зависи..
Златна средина може?Бидејки јас не сум ни за нешто претесно(се што се оцртува),ниту пак за нешто ептен широко...Понекогаш кога ги имам оние мрзливи денови сакам нешто така пошироко и комотно,а понекогаш пак сакам да ја истакнам фигурата,но сепак не претесно
Подобро се чуствувам во пошироко не се загледувам толку и порано многу сакав се што е долго и широко ко торба да сум сега носам повеќе нешто што ми е до тело прилепено малку повеќе трошам време пред огледало....особено ако е туника само гледаш зад тебе да не се кренала
ШИРОКА! Ни во школо не одам во тесна облека,освен фармерки,а не па за други места,како на пр. дома,искачање... Најубаво и најудобно се чувствувам во широки маици-блузи и тренерки.
Преферирам широка, нормално фармерки да се тесни (таман), а блузи да се пошироки, несакам ништо што ме оцртува не се чувствувам убаво
Тесно!! За блузите и не ми е толку важно, но панталоните (особено фармерки) колку потесни толку се чуствувам поудобно!! Така да обавезно тесно!!