Здраво Денес ми пристигна пакети од Тему порачан на 29.09. Курирот што ми го донесе (работел типот хонорарно за ЕЛС), во неговата кола имаше 100-тина пратки, човекот буквално беше закопан во пратки. Ниту ми наплати за пратка ниту царина платив (1000 денари вкупна цена на пакет). Веројатно не можат да постигнат да ги испорачаат пратките, а веќе наплатиле на Тему за достава, па можеби затоа не ви ги даваат да ги подигнете од магацин (само претпоставувам, не ме напаѓајте).
Не, нема врска, влегов внатре, 10 пратки дали беа, живеам во мало градче, јасно ми рече вработената не смејме да ги даваме пратките, таква наредба имаме од ЕЛС...а код ми стигна за пратката му кажав, неможи и крај тоа е наредба.
На елс му е забрането да доставуваат тему пратки ова ми е кажано од лик кој работи во елс , ќе ме извести чим има инфо. Денес ги известиле да не даваат, имало известување од тему за стопирање. Јас чекам 6 пратки од виа пост ... претпоставувам дека ќе е исто...
Денес ми стигна пратка преку доставувач кој работи со Мик-Мик, а на тракинг бројот стоеше ЕЛТ, што досега значеше ЕЛС. Можеби тие како компанија имаат проблем.
И мене пред малце ми стигна порака од Мик-Мик за пратка која ја направив 12 дена после онаа која ја чекам од ЕЛС, дека ќе ми биде доставена наскоро, исто има tracking number ЕЛТ. Баш да видиме дали проблемот е само со ЕЛС. Мене и онаа пратка од ЕЛС во петокот ми пишуваше предадено на Курир, добив и порака со код, веројатно во петокот курирот не стасал, а во саботата претпоставувам не доставувале бидејќи беше државен празник, и се си мислев денес ќе ме контактираат, кога сабајле се покажа дека од денес е пак во магацин. И мене така ми кажаа во хаб, а стварно звучи нелогично бидејќи зошто Тему би забраниле испорака на курирските служби откако пакетите уредно стигнале во државата и им се доставени на курири.. ама ајде ќе видиме што ќе бидне
Каша попара ова станало Се надевам ќе си ги добиеме пратките. А тие Мик Мик исто важат за ужасно спори, па ај на здравје нека е..
И јас се надевам.. баш каша попара, само кај нас вака глупости има Оф се надевам ќе стигне за некое нормално време.. Досега не сум имала ниедна пратка со тие Мик-Мик, не знаев ни дека постоеле
Чим вака голема е работава, значи нешо имаат усерено Елс. Не е фер ич кон клиентите ова. МикМик доставуваат од LPP, оние Синсеј, Ризрвд, Мохито.. Прееееемногу се чека(ше) дури да забораиш дека си порачал, и да ти сe одмили. Ја веќе од сеа па натаму малце ќе прекинам со Тему, а и редно е..
Аууу тие ли се.. другарка нарачуваше од Синсеј, буквално месец дена чекаше за пратката, не знаев истите дека се Ич не е фер кон клиентите, се согласувам, испаѓа да молиме да ни дадат пратки кои сами сме си ги платиле и кои веќе стигнале во Мк за ваква работа стварно немам слушнато досега хахах И јас исто, редно е пауза, а и да ти се одмили нарачување со драмиве со доставава кај нас, побрзо стига од Кина до тука отколку од царина до клиент
А бе луѓе, како може толку да не сте информирани? Па ако напишале дека се планира да се воведе царина на сите пратки - не значи дека одма, од истиот момент тоа е валидно! Процедура е тоа, треба да помине во Собрание најпрво.
Жалете се во Тему. И од денес да важи тоа, пратката веќе е увезена, нема зошто да плаќате плус. Исто е како што бараа достава да се плати со првите пратки, ако пројде пројде... третина од луѓето да платат, ќар се од каргото. Мора да се жалите.
Pratkata mi e in delivery ushte od sabotata ama stoi deka e stignata vo strumica station,jas sum od sosema razlicen grad,dali kje ja dostavat do kaj mene ili treba da prijavam nekade? preku imile e,prv pat mi e so niv♀️
Навистина ли е ова усвоено? Некаде прочитав дека после изборите ќе го гласаат.. Значи мизерија навистина. Како не им е срам бе?! Понекогаш ја пренесуваат пратката од еден до друг магацин па после ја доставуваат. На iMile пратките Брза пошта ги доставуваат - жива катастрофа се тие. Може ќе биде најдобро да им пишеш.
Извршната власт не може да носи закони. Владата може да го предложи ова до законодавниот дом, пратениците да го стават на дневен ред на читање, да го изгласаат и да влези во службен весник како закон па тек тогаш ќе стапи на сила законов. Значи, иницијативава обично доаѓа од Владата, конкретно од Министерството за финансии или Царинската управа, кои подготвуваат предлог закон или предлог измени и ги доставуваат до Владата. После, Владата го предлага законот до Собранието, каде што пратениците гласаат за негово усвојување. Ова е само предлог на Владата. Така да, се уште не е во сила. Владата може да усвојува други измени но не и закони. Без гајле, се уште нема да наплаќаат плус додека не изгласаат а тоа кој знај кога ќе биде и дали воопшто ќе биде и дали ќе се изгласа, не секош предлозите стапуваат на сила.
Јас денес си земав пратка и не ми побараа ништо , само ми е чудно што не ми стигна до дома туку во тоа за пратки во чаир. Секско јас во Чаир живеам но обично порано дома ми стигаа пратките.
Тоа мислам зависи со која пошта ти била пратена пратката. И мене така ми се случило да ми се јават да ја земам од база ама не се јавуваат сите. Елс и Виа Пост си доставуваат до врата и никогаш не ми се јавиле да одам и сама да си ја земам. А сите други се јавуваат.