Форумџика на годината

Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    20
    Barem vi gi vratija partite ako ne dr .
     
  2. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    551
    Зашто толку каснат пратките?
     
  3. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    20
    Temu beter od Ali se napravi .
     
    На TweetyBird и milkyway^^ им се допаѓа ова.
  4. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    И мене ми касни, а вртам на карго да подигнам никој не крева
     
  5. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Законот (изменет) за данокот на додадена вредност излезе во службен весник на 27.10.
    Пишува за 8 дена стапува на сила, на 04.11.

    Значи од 4ти ноември ќе се оданочуваат сите пратки (и пратките под 22 евра)
     
  6. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.812
    Пол:
    Женски
    Со iMile до сега два пати што ми се има погодено ми го донесле Total Post Logistic (TPL). Прашај таму или пиши им директно на Тему чет.

    Околу ова, ќе плаќаме директ на апликација кога правиме нарачка или кога каргото ќе ја донесе пратката?
     
    На Анoнимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    1.198
    Не сум сигурна, можеби некој ќе знае поточно:

    Ќе се даночат пратки од нарачки што ќе бидат направени по 04.11. или нарачки што се веќе направени, а би стигнале по 04.11.?
     
    На milkyway^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Законот стапува на сила на 04.11. Што значи се што ќе помине на царина од оваа дата.
    Кога е направена нарчката апсолутно нема никаква улога и не значи ништо за царина. Кога влегува прозиводот во македонија се гледа.

    Во врска со тоа како ќе се плаќа, би требало да добиеш инфо од царина како и колку ти е оданочена пратката и да си платиш со уплатница или лично на царина. И после они ја предаваат на поштата/каргото што треба да ти ја носи.
    На тему нема да плаќаме царина. Тоа не е логично ниту возожно. Што има тему со данокот на додадена вредност во нашата земја. Немаат они во мк ниту фирма, ниту предтавништво ниту вработени луѓе за да би идело било што преку нив.

    Исто не верувам дека некое карго ќе превземе одговорност за плаќање царина. Пошто ќе треба каргото да ја плати сумата за да ја земе пратката. И што ако после некој нејќе да плати или не ја подига пратката? Многу ќе губат, не ми се верувам дека ова ќе го прават.

    Единстевно може како дхл да почнат да вршат царински услуги, ама дхл тие услуги дебело ги наплаќаат. Ти праќаат маил дали сакаш да ти ја завршат работата на царина и ти ја носат пратката дома. Чиста работа. Ама ова си го наплаќаат околу 1.000-2.000 ден. Кој за тему ќе плаќа вакви суми
     
    На goddess.Of.chaos и milkyway^^ им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    Има многу логика ова.

    Пичка им матер, иам пратки мислам 2 шо 100% би ги царинеле тој период.

    Вајда на смс ќе иде порака дека имаш пратка за царинење, податоци за трансакциска на која би платил, би требало и онлајн да може :?: Откако ќе се плати претпоставувам поминува на царина и ја предаваат у карго.

    Ама комплицирања |( Ама како ќе лапаат пари..
     
    На MeowMeow и Spidy им се допаѓа ова.
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    7.675
    Пол:
    Женски
    Па нели,половината на ноември,ќе се гласа законот!?
     
  11. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    551
    Тоа дека кога ќе поминат на царина ќе ги оданочат е скроз логично :D
    али мислам дека каргото ќе има обврска да ги превземе пратките и при достава ќе тражат да се плати..:?:
    не верувам дека од царина ќе контактираат секој посебно да уплаќа..

    мојата пратка не мрда од место, баш сеа коа ми се брза да избегнам данок :@
     
    Последна измена: 29 октомври 2025
  12. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Ма ич не ми се верува дека карго ќе превземе таква обврска да плати царина па после да си бара пари по луѓе. 10% да не им подогнат пратка ќе бидат во голем минус.
    Они и сега не даваат откуп се додека другата страна не плати. А со какви големи суми и фирми работат. Не па за еден тему да си прават ризик.
    А и мислам дека треба да се регистрирани како шпедиција за да можат ова да го прават. Незнам точно. Ама не верувам дека секој туку така би подигал од царина.
    Плус и самата пратка е одговорност што би имало внатре. Дхл ти бараат доказ за пратка, принт скрин од нарачка, фактура што си нарачал….
    Дека некое карго вака ќе се замара за тему….не верувам :)

    Незнам, денес го прочитав во службен весник. Официјално е, не муабет
     
    На milkyway^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    7.675
    Пол:
    Женски
    Не знам
    Се'има кај нас
     
  14. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    А пратките што пишува imile кај да ги бараме зошто на тој број ми викаат дека не работат веќе.
    Ми кажаа да побарам во екологистик или виапост, и на двете места ми кажаа дека нема пратка на мојот број.
    Кај да се јавам, во случајов ми се брза а нема никаде друг контакт?
     
  15. lovemmee

    lovemmee Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Чекам пратка и јас 20 дена преку елс заглавена од 20 и стои транзит ... нема update ... се јавив во елс сега за сега не постои таква пратка...

    Од кој град си???
    Кај мене во Охрид оваа пошта соработува со нова пошта ...
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Три пратки што чекам, на делот за следење гледам пишува завршена царина, во тој случај веројатно и да не стасаат до мене физички до 04.11 не би требало да има давачки плус. Штом се до Карго компании препратени тоа.

    Е сега искрено ме интересира на кој начин ќе биде сето организирано околу плаќањето ддв. Куп работи се сеуште поисплатливи од таму, отколку тука, и со вклучено ддв. Само да не е некоја огромна процедура тоа со плаќањето.
     
  17. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Te molam stavi link od sluzben vesnik kade sto e izlezena izmenata da procitame site. Ili slika, screenshot..
    Inaku ako ne plakame carina preku Temu, ko sto vikas, kako go plakame danokot na narackite nad 22e? Bidejki spored zakonot nad 22e se plaka ddv.
     
  18. Temp Name 001

    Temp Name 001 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Здраво, креирав акаунт само за да коментирам на оваа објава.

    До сега царина имам плаќана на два начини:
    1. Ми стигнува дома писмо дека имам пратка за царинење. Потребно беше да испратам потврда дека сум платил и колку. Тие докази треба да ги испратам по писмо или по емаил. Јас ги праќав на емаил со скриншот од АлиЕкспрес апликацијата од мојата нарачка каде што се гледа колку сум платил.

    2. Ми стигнува емаил од ДХЛ со известување дека имам пратка и треба да им пратам доказ колку пари сум платил. Тие пресметуваат царина и ми враќаат на емаил дека кошта толку и толку и дали прифаќам да платам или не. Потврдувам дека сакам да платам и ми пуштаат СМС со линк каде што треба да внесам информации од картичката и одма се наплаќа. Побарав да платам на рака но немаат таква опција. Не ми беше сигурна страната колку е безбедна и дали податоците се зачувуваат али немав избор. Исто така, во тоа беше наплатена услуга за царинење. Пишале и цена за "склад и достава" и се што можеле да напишат.

    На официјалната страна Царинска Управа - Мали пратки се уште немаат напишано промена дека ќе се наплаќа, ама ќе видиме. На толку прати тешко дека успеат да го прават тоа ама што е тоа е. Удри по народот, а во собрание плаќаат по илјадници евра за апетисани. Ако има некој линк од службениот весник каде е објавата, ве молам некој нека го сподели.

    Поздрав.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    2.077
    Пол:
    Женски
    Ако си била една од "среќните" што до сега по случаен избор биле оданочени, тоа идеше вака: ти стигнува картонче дома дека имаш пратка за која треба да платиш и идеш во пошта и си плаќаш и ти ја даваат.
    Ако е пратката преку приватна пошта (дхл) тогаш ти праќаат маил и те контактираат на тел и после преку уплатница или линк си плаќаш па ти ја носат дома.

    До сега законски требаше на сите пратки над 22 евра да плаќаме данок и над 95 евра плус царина.
    Ама ги мрзеше да го прават ова. Сега може со новиот закон постегнати ќе бидат работите
     
  20. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    6.034
    Пол:
    Женски
    Искрено чисто сумљам дека ќе бидат посетгнати. Ќе остане на тоа со викаш ги мрзи евентуално тук тамо на некој ќе му наплатат.
    Ја мислам дека тему ќе го направи истото како и за пратки над 22€ т.е ќе си го подмири ддв-то со државата и за пратки до 22€ со тоа што цените ќе ги бидат повисоки. Бар така мислам. Е сеа ако стварно се запнат да наплаќаат на сите мислам дека 90% више никој нема да нарачува од тему