Данок ќе се плаќа, не царина. Тоа е 18% плус на цената. Или на пратка од 50еур, ќе платиш плус 9 еур.
Да, но само за пратки под 22 евра. Така читав. Попара е темава поназад, ддв, царини, затоа ме збуни што и како ќе се плаќа.
Што реално се менува за купувачите? Денес важи правилото: пратки до 22 евра поминуваат без давачки; од 22 до 45 евра се плаќа само ДДВ; над 45 евра следуваат и царина и ДДВ. Со најавените измени, ДДВ би се пресметувал и на сите комерцијални пратки под 22 евра — практично го снемува „минимум“ прагот за онлајн купувања. Тоа значи дека, на пример, гаџет од 20 евра повеќе нема да стигне „бесплатно“: на сумата ќе се додаде 18% ДДВ, а можно е и фиксна шпедитерска/курирска такса за царинска постапка.
Полесно ми беше интеграли да решавам у школо отколку целава заврзлама со даноков, царини,членови од закон
Ова не е од денес, од пред некое време ја има опцијата. Ама не знам како и дали функционира. Сепак онлајн е најдобро да се плаќа.
Во payment methods треба да ти се појави, и да избереш како сакаш да платиш. Може не ти е апдејтирана апликацијата.