Ај ве молам Мене ова ми е прв пат , нарачав вчера и гледам сеуште не собраа артикли за да пратат?! А и горе пишува ИЗБИРАЊЕТО Е ВО ТЕК Општо секогаш брзо праќаат а сега... Ве молам кој знае нека каже....
Да ама чудно ми е што моето ич не мрдна а зет ми денес нарача и помина... ајде ќе видиме утре Има ли некој имејл на Тему? Да пишувам?
Не не, стварно немаш потреба ништо. Јас имам пратка од петок попладне и од сабота вечер, двете се "picking in progress" моментално. Сум имала и претходно така, немало никаков проблем. Ќе почне да се движи за некој ден.
Види може имаш некој производ кој е pre-order. На тие им треба повеќе време додека се направат да се спакува и да се прати.
Кога ќе влезеш на апликацијата доле на човечето иди и во your orders ти пишува горе includes pre-order
Ако знае некој ве молам да ми каже, во случај тему да ја нема поделено пратката, и е над 22 евра, дали доплаќате нешто ддв ? Фала ви
На почетокот како ја засилија работата - за две недели стигнуваа нарачките. Сега чекам по еден месец обавезно. Ја не знам дали е со мене така или општо е успорено... Више заборавам што имам нарачано и некако немам поента да нарачувам одредени работи. Башка што не можам да се потпрам, пример - да нарачам сега за некој роденден што е за одреден период - не можам да сум сигурен дека ќе стигне до тогаш, не е како што беше брзо.
Zdravo mi pratile naravka so edna dimenzija a plativ za druga.prasanje mi e kako e procedurata za vrakanje, prvo nemozam nikaden da najdam contact seler. Kade da pisam, kade da se obratam?
Contact seler нема. Има support да пишеш. На апликацијата во човечето и во твое десно горе има слушалки ќе кликнеш на нив и најдоле имаш contact us. И таму ќе им пишеш ќе објасниш се
Не мораш. На гогл исто има во горен десен агол како човече и во него ги има слушалките. Кога ќе кликнеш на нив најдоле ти е контакт
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот на додадена вредност (ДДВ) со кои за нарачките од странство над 22 евра ќе се плаќа 18 отсто данок. Законот стапува на сила 8 дена по објавата во Службен весник, што значи дека од наредната недела нарачките од „Тему“, „АлиЕкспрес“ и другите онлајн продавници од странство ќе се оданочуваат. „Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун“, стои во измените за Законот.