Ме интересира дали е можно да ми се достави ( препрати) пратката до друга адреса во друг град, кога ќе стигне во Скопје , бидејќи месец дена нема да бидам на адресата која е пишана на нарачката, нормално со моја доплата за испорака ? Или ќе го вратат пакетот ? Некој да има такво искуство ?
Ако ти е нарачана, ќе ти стигни на таа адреса шо си ја ставил. Не може да се измени. Кога си порачувал, тогаш требало да ја внесиш новата адреса т.е таму каде што сакаш да ти стаса.
Да нарачана е, но кога ќе ми се јави од брза пошта, не е ли возможно да ја препратат во друг град со доплата за испорака? Бидејќи реално нема да сум на таа адреса и нема друг кој би ја подигнал ? Прв пат нарачувам и таква среќа . Тоа е. Пропаст
Мислам дека не е можно, бидејќи скенираат дека е доставено на адресата која е пишана и со тоа го известуваат и Тему.
Тоа најдобро да ги прашаш нив па тие ќе ти кажат дали можат да ти ја пратат или барем да ја чуваат додека ја подигнеш. Не значи дека треба да се врати назад пратката. Или ако имаш некој друг да ја подигне за тебе, ти само кодот ќе го кажеш што ќе ти стигне, па од него ќе ја земеш или тој ќе ти ја испрати.
Веќе неколку дена ми стои дека пратката е прегледана од царина ама уште ја нема превземено курир. Инаку M-ONE се, претходно со трансфера се ова во еден ден беше и истиот ден ми ја доставија. Кога проверувам со тракинг бројот ми пишува Poslat nalog za prikupljanje. За колку време да ја очекувам? Бидејќи ми треба за побрзо.
Јас многу брзо ја добив последнава пратка, нарачана ми е во недела навечер (23.11), ми стигна пред половина час. Браво ако се толку исполнителни за секоја пратка, чекам уште една што ми е на царина, два дена после оваа што ми стигна ја нарачав. Се надевам дека и таа ќе стигне деновиве. Само забележав дека кога ми е адреса за достава ставена во Центар, ми стигаат преку ден, а кога ставам домашна адреса, ми стигаат попладне после 16 часот. Не знам зошто, ама мислам дека за попладне секогаш ги оставаат пратките од околината на Скопје. Може нема врска, ама кај мене секогаш така било.
Каква среќа имаш. На 24.11 имам порачано, на 25 испратено, на 1.12 стигна на аеродром и уште е кај нив на аеродром.
Дали ги доби за да ти ја достават или одеше да ја подигнеш? Не знам на кој број веќе да вртам, или е зафатено или не постои. Праткава ми треба итно, да не ми требаше ќе ја оставев да ја вратат, ама да пробам да се јавам да ми ја донесат сакам.
Vip posta prvo stignuva sms deka e vo tvojot grad ,ako si vo blizina nivna da si podignes sam, a sledniot den vrsat dostava do adresa.
На апликацијата тему кога ќе влезеш во нарачката имаш опција change address. Но ова е дозволено само на почетните чекори. Верувам веќе е поминато кај тебе, ама кога ќе клинеш го дава ова: The address for this order cannot be modified because your order has already been packed or shipped. Once the courier is assigned, you can contact them to discuss changing the address for this order. Значи тему вели дека можеш да се договориш за промена на адреса. Каргото сигурно ќе ти прави некое понашање дека неможе бла бла. Ама коа ќе ти се јават тврди дека од тему ти рекле дека може
Има некој добиено пратка со шифра што почнува со KAEX00...? Две пратки имав со М-Оне, едната беше со шифра ВИП00.. и ми ја донесе вип пошта, другава многу закасни иако заедно се нарачани, а кратенкава не ме асоцира на ниедно карго.
И јас имам пратка со КАЕХ, уште чекам да полета, а нарачана е пред една недела, можеби е карго експрес тоа КАЕХ
Ич не си споив со карго експрес фала ти. И мене многу ми се влечкаше нарачката во секоја фаза. Пак во нормално време ќе стигне, само првпат волку закочува нарачка, и до авион, и чекање лет, и царина. Обично брзо доаѓаат во Мк па после тука се влечкаат.