[QUOTE="CameliaMiller, Осеќам еден ден пола Тему ќе го нарачам.[/QUOTE] Ма да имав поише пари, сигурно ќе потрошев 200-300 евра на прва нарачка. хахахахах Сега сум на 1100, со тоа што едно откажав оти не било достапно, ако сум сакал да чекам-ќе доцнела цела пратка. Па го откажав и ми ги вратија парите. Одвај чекам да заработам денар поише и пак да нарачам глупости. До душа, па и не се бе глупости! Има стварно јаки нешта! Еве тетратка сакам
Затоа што прочитав еден куп рецензии каде што им повлечувале пари од тему и после нарачките, исто дека се инсталирале некои вируси со инсталирање на нивната апкикација, дека посигурно било плаќање со paypal, ова ти зборам за во Италија, и чисто прашав дали некој од вас имал некои непријатни ситуации..и фала ти што ме просветли како се плаќало. Од такви како тебе форумот не ми се отвара..
Може нарачувале и од дупликат сајтови. Доста популарен метод е за собирање инфо од картички. А и не дека би ме чудело истото да се случува и на оригиналниот сајт. Еве јас немаше да нарачувам ако морав да внесам картичка. Добро е што има опција за пејпал.
Глеј... Можеме да читаме колку сакаме. Наше е дали ќе веруваме на тоа. Всушност, тоа е интернетот општо, не само за ова. Не може тебе Тиму да ти земе пари од картичката и тоа да заврши така. Имаш извештаи, имаш банка, имаш докази... Не живееме во камено доба за да не можеме да увидиме дека нешто се случува и, следствено, да реагираме за тоа. Живееме во дигитално време. Секако, твое е дали ќе си земеш дополнителна картичка која ќе ти биде само за онлајн-пазарување, за која ќе плаќаш дополнителни суми месечно (за одржување и слично). Јас, на пример, повеќе од 10 години нарачувам од АлиЕкспрес, речиси откако стана достапно. НИКОГАШ сум немал лошо искуство. Еднаш само имав нарачано производ со смешна сума (too good to be true) и тоа беше МОЈА грешка, не на АлиЕкспрес. Откако не ми беше ни спакуван за да се испрати, приметив, им пишав на луѓето што работат во грижа за корисници, испратив докази и во истата минута си ги добив парите назад. Но, тоа ми беше лекција дека, пред да нарачам, десет пати треба да проверам од кого нарачувам. Не е АлиЕкспрес, ниту Тиму, еден продавач. Си има продавници и треба да гледаме од каде пазаруваме. Лесно се препознаваат скамерите, ама луѓето тоа не го прават, па затоа читаме такви рецензии по нет. Мислам, што да очекувам од луѓе кои нарачуваат платно за ѕид, а очекуваат дека ќе им стигне цел регал за у дневна? Тоа се грешки на купувачот, не на платформата што нуди продукти. Или, пак, има случаи каде нарачуваат рафт(ови): на сликата главна гледаат рафт од 5 нивоа. Долу си пишува дека цената е за едно ниво. Кога им стигнало само едно, одма реагираат ALERT, SCAM!, а всушност они се виновни што не внимаваат што нарачуваат. Идат до толку што очекуваат да платат 100 денари за производ кој, во реалност, чини 10.000. Како и да е, јас тебе никаде не те тагнав ниту, пак, мислев на тебе кога пишував. Јас зборував општо, за целата фама со Тиму. Стварно изгледа како да сме ја откриле Америка а, во суштина, станува збор за нешто толку секојдневно и веќе видено. (Секако де, сите работи стигнуваат во едно, лимит за нарачка и слично...)
Уште првата не стигнала, јас си направив втора нарачка со новогодишни ствари. Се надевам на време ќе стигнат.
Креираш профил на страницата и внесуваш што ќе побара: лични податоци, адреса на живеење, телефон, број на картичка, важност на картичката и бројчето од позади и е-маил на кој ќе ти стигнуваат известувања за пратката и потврда за платена порачка. Пред да почнеш да пазариш да си пресметуваш убаво во денари. Некои страници има во денари, некои во евра, некои во долари. На некои порачки можеш да видиш ако има оставено слика или видео како препораки, лоши или добри коментари ќе си разгледаш убаво. Обично се подесува на страницата најпродавани, најдобро рангирани производи... Најважно е да ги прочиташ коментарите пред да направиш порачка. На секоја страница за пазарување имаш опција за враќање на производ, за договарање со продавач, за враќање пари ако не ти стигне пратката до одреден период... Не знам што друго не ти кажав..
Во група на фб има ваков коментар. Колку е точно не знам ама може некој проверил и знае дали може така
E fala tiii premnogu, a kakva kartichka koristite, obicna ili Visa, PayPal? Nemam nikogash narachuvano zatoa me interesira, edinstveno imam vo NLB e sega dali bi trebalo da se vadi nekoja posebna ili? Fala odnapred
Пејпал нема кај нас па јас за пазарење на нет користам обична дебитна Visa Mastercard. Не ги поврзувај овие страници со картици на кои имаш многу пари. Обавезно да си направиш и Интернет банкарство ќе си имаш апликација која одма ќе те извести за трансакции (одлив или прилив) на пари, па ако ти е украдена или изгубена а некој ја најде и почне да ја користи ќе можеш одма да се јавиш да ја блокираат. Не можеш да порачаш без да внесеш картичка, нема врз основа на што да ти ја процесира нарачката. Немој ниту во најлош сон да си порачувала по тие Фб групите.
Дали има царина на нарачкиве ? И што ме советувате, имам сметки во две банки. Во едната немам приливи, само ја одржувам. Да си ставам пари на таа сметка и да нарачам?