Кое карго ви го пишуваше на тему? Сношти ми пишуваше сега било во дистрибутивен центар, од кое карго да очекувам испорака исто нарачано имам во ноември 24ти, кај можам да следам ве молам да ми каже некој
Moјата беше со код КАЕХ така да КаргоЕкспрес, од нив ми стаса порака во понеделник, а на тему постојано пишуваше М-ОNE. По кодот, претпоставувам твојава дека е од ВИП пошта. Провери на оваа страна со бројот за следење на пратката https://vipposta.mk/
Не е точно ова. До нив е. Помине ли царина веќе вип пошта се одговорни. По 10 дена не ги подигаат од царина и по 10 дена плус ги чуваат у магацин. 20 дена касни пратка токму ради нив. Ајде сега сите масовно преку тему да ги блокираме
decki, pratkata na carina mi e zaglavena veke 2 nedeli, za m one se raboti. kade da se obratam za info. ke pomine nova godina dodeka ja dobijam
Значи си се урочив. Две пратки имам, едната не е ни тргната од аеродром, втората заглавена веќе десет дена во Вип Пошта. Требаше да си ќутам, може ќе стигнеа досега.
Пишувајте им често на таа слушалката, ем даваат купони од 20 посто ем имам приметено многу често ми ги забрзуваат пратките... Ќе стигнат, и јас брзав, нарачував баш на истиот датум, имат 4-5 нарачки тој ден за демек побрзо да стигнат работите зошто и моите беа новогодишни и на крај имав пратки што стигнаа за две недели, имав и пратки што стигнаа ехе после еден месец, од кога веќе ја накитив елката па после додавав сто пати украси како што стигнуваа пратките
Џабе сега и да стигнат, скоро и да помина Нова Година. Одсега во Јули ќе почнам новогодишни работи да нарачувам, лекцијата е научена.
епа сега ако украсувате само за 1ви јануари и касно сте нарачале, зошто се се дешава, де стигнуваат за 10 дена де за 30...јас сега украсив и елката ја чувам до кај 20ти јануари па така и покасно што ми стигнаа не ми сметаше
Чудна работа. Мене последната пратка ми стигна за 10 дена експресно нарачана 11 -ти месецов, а пред неа имам една од 21 ноември и абер нема да мрдне од кај тие М- Оне.
Колку време чекаш веќе? На телефоните не ги добиваш? Пробај на броевиве, биди упорна ул. 852 бр. 62, Скопје 1000 Скопје Оваа адреса ја има на сајтот, не знам што е, адреса на фирмата ли е, на магацинот ли.. Пред неколку дена ги добив пратките од кај нив. Порака немаш на Вибер?
Мене сега ми стигна порака од М-Оне, да си ја подигнам пратката од магацинот на Вип Пошта, спроти Пошта2 кај Железничка.
Јас ги контактивав Тему, ми рекоа дека гарантираат за пратката и дека сигурно ќе ја добијам и ми дадоа попуст ...бла бла. А овие од М - Оне ја зафркнаа работата, па сеа ќе трчаме по пошти.
Пратката ја чекам еден месец на 23ти ноември нарачана.... На броевите звонам на првиот и третиот секретарка ми се уклучува, на вториот ми исклучуваат тие по 4ти пат сега Ниту на вибер ниту на Смс сум добила порака Ми иде да одам јас не од што сакам туку од што се брзам да ја земам ми треба точна локација, еве гледам некој пишал спроти железничка На веб сајтот веќе неколку дена е во транзит на магацин, значи до четврток чекам А оваа локација како ти ти ја дава на гугл мапс во која општина?