Форумџика на годината

Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Женски
    Гази Баба, во индустриска зона е.
    Ова претпоставувам им е магацинот.

    Пратката може и во база да ти е. Од Кисела Вода беше?

    Имам подигано еднаш од таа база, знам дека ја стаив адресата од тогашната работа, па им реков ќе си ја подигнам сама.

    Се наоѓаше овде, да провериш ако не.

    Не бе, на овие крај не им се наоѓа..

    Претерано е ова више, те читам како се нервираш со недели..
     
  2. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    3.846
    Пол:
    Женски
    Кисела Вода сум да,
    Пратката ми е скоро 4 илјади затоа правам напори,
    Ќе проверам овде фала ти:l:
    Дали некој добил пратка од вип пост што му каснела скоро месец?
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Женски
    Моите 2 пратки каснеа месец дена, па им текна да пуштат порака на Вибер за подигање.

    Напраи така, помини во таа канцеларијата и прашај.
     
    На АничеБананиче му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    16.401
    Пол:
    Женски
    Jas ja dobiv vo Petokot
     
  5. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    3.846
    Пол:
    Женски
    IMG_2243.jpeg
    13:30h моментално, нивно работно време е од 8:30 до 16:30. На тел ми исклучуваат, маил не може да им се прати значи КАТАСРОФА се, ве молам да ми каже некој кај да си ја барам пратката еден месец ја нема во вредност од 4 илајди, ова е препребезобразно
     
  6. Milica0345

    Milica0345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    istiot problem go imam i jas,celi dve nedeli na zara sajtot pisuva deka doaga i deka probale da mi go dadat paketot a nit nekoj se ima javeno,nit mozam na telefon da gi dobijam,katastrofa e.Aplikacijata isto ne raboti.
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Женски
    Стварно не знам више што да кажам :(

    Канцеларијата за реон Кисела Вода им е оваа.

    Останува уште да побараш кај што пишаа членките карши Пошта 2 на Железничка.
    Да не ги имаат таму набутано сите..
    Тоа за централното подрачје е.

    Неам подигано од таму. Имам отидено во оваа у Кисела Вода еднаш, и во Тафталиџе, во мојата општина.

    Пиши им на Тему исто така на чет.
    Не знам уште колку дена ти е рокот за достава, ако не стигне, мора рефундирање да си бараш, не е мала сумата.
     
    На АничеБананиче му/ѝ се допаѓа ова.
  8. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    3.846
    Пол:
    Женски
    Од оваа пошта се качив со 58ца и директ до транспортен таму ја најдов вип поштата наспорти железничка и ми кажаа дека пратката ми била во база во К. В. од каде што се вратив ради затворено што беше, кога им кажав одговорот беше оди и кога тогаш ќе ги начекаш да биде отворено :x
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Виа пост: пратката пуштена од царина, истиот ден подигната, после два дена доставена на домашна адреса. Од нарачка до испорака точно 14 дена.

    Вип пошта: после 10 дена подигната пратката од царина, 5 дена стои во дистрибутивен центар:@ Ни се јавуваат, ни ништо. 35 дена од нарачка поминаа. Како што ми изгледа, ни во следните 10 нема да ја добијам.
     
  10. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    4.369
    Не плаќајте однапред за да немате вакви нервози.
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    И кај мене е слично...
    Имам нарачка од 16 номеври.
    Од 8 декември Вип пошта ја чуваат по магацини и абер нема. Не верувам ни во јануари да ја достават.

    Претходно за друга пратка, Карго Експрес ми ја доставија за 4 дена откако беше преземена од аеродром...
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.119
    Допаѓања:
    82.817
    Пол:
    Женски
    Via post. Поназад пишаа дека и Брза пратка доставува ама мене секогаш досега од iMile ми ги носеле Виа пост. А и на самата порачка некогаш си пишува така, дека е Виа пост.

    Screenshot_20251225_111552_Temu.jpg

    Инаку, пратка што ја чекав од почетокот на декември, бавно одеше процесот од транзит, на аеродром, на царина, а штом стигна овде, веднаш ми ја доставија. Зависи и до каргото овде колку се ажурни, уште и овде да се чека, хаос.
    А за ова што викате дека е затворена базата, мене така ми правеа од Еко логистик, но за тоа не беше Еко логистик како компанија виновно туку вработената што наместо да седи внатре, таа си седеше кафе си пиеше и се редеше муабети во комшии тука, па идеше да отклучи ако види дека има некој пред врата. Страшна работа.
     
    Последна измена: 25 декември 2025
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.947
    Јас вчера ја добив пратката од 7-ми декември, преку Трансфера/Еко Логистик, а пратката од 23-ти ноември ми дреми во магацинот на Вип Пошта :D.

    Инаку, гледам цело време ги поврзувате M-ONE со Вип Пошта, iMile со ViaPost, еве и за оваа пратка што ми стигна во Тему пишува Transfera, а ми ја донесе Еко Логистик - дали може да ми објасните што е работата? 2 фирми се задолжени за некоја пратка, или? Не се разбирам баш..

    Исто, дали имате враќано нешто назад на Тему? Во ред, ете во апликација ќе се снајдам, ќе ги следам чекорите, ама понатаму што и како треба да направам оттука? Во истото пакување треба да ја вратам пратката, и каде треба да ја однесам? Што ако сум добила во голема вреќа со други работи внатре, а предметите ми се малечки, во обични пластични проѕирни ќесички :D

    Гледам има едно бесплатно враќање по нарачка, значи веројатно тука не треба ништо да доплатам? Што понатаму, како ќе сум сигурна дека ќе стигнат во Тему, веројатно тие ќе чекаат прво да стигнат пред да ми рефундираат?
     
    Последна измена: 25 декември 2025
  14. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Дали можеби знаете каде кај Железничка имаат магацин или каде се ги чуваат пратките, итно ми треба пратка што ми стои кај нив повеќе од недела дена.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Женски
    Најчесто да.
    Порано идеа директно само преку нашиве карга, Елс или Виа пост. Коа ќе се порачаше стоеше само едно од овие карга, без некое друго.

    Па почна да се појавува и M One српското, кое соработува со овие Вип, еднаш само преку М One ми имаше стигнато и со Карго Експрес, ама само еднаш се деси така.

    Трансфера исто е српско, и праќа до Елс секогаш. Ама еве кај дм се имаше десено од Трансфера, МикМик да му достави. Значи и со тие работат.

    IMile со повеќе карга се врзани, Брза пратка, еве што вика членката Виа пост, и последно од Елс ми стигна.

    Најскоро се појавија некои Qt Express, пратката ми ја донесе Виа пост.

    Не, не мораш во истото, пакувај во што сакаш слободно, а тие малите ќесички нека си стојат истите.

    Селектираш тоа што сакаш да вратиш на апликацијата, следиш чекорите, ти стига return label, го принташ и лепиш на пакетот, и носиш у карго. Не се плаќа првиот пат, се плаќало ако од истата нарачка ти текне некад пак да вратиш нешо.
    Елс/Трансфера се задолжени за враќање на пратките, без разлика преку кој и да си добила.

    Во Елс ти го скенираат бар кодот од испринтаната етикета, им влага у систем, па знам мејл ми стигаше дека е за враќање означена.

    Јас коа враќав тие неколку пати, ми рефундираа пред нив да им стигне, обично после тој мејлот, на апп стоеше како advance refund, за некој ден на сметка ги имав парите.
    Не знам дали се' уште e така.

    Е немало више привилегии да ти рефундираат пред да им стигне назад :smirk:

    Screenshot_20251225_130031_Temu.jpg
     
    Последна измена: 25 декември 2025
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.947
    Фала ти премногу на одговорот, ептен ми го олесни процесот :D.

    Гледам на нивната страна дека ЕЛС имаат повеќе хабови; во било кој од нив можам да ја однесам пратката? И дали сите работат од 9 до 18 во работен ден (гледам на Контакт страната)? А во сабота?

    Мислам, не очекувам да знаеш за сите хабови, туку онака прашувам ако имаш повеќе искуство, да не знаеш сепак :D.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    17.353
    Пол:
    Женски
    Да, кој ти е најблиску, таму.

    Така стои до 6, ама па со овие каргава нишо не се знае, да не затвараат пред 6 тие.
    И сабота работат, баш минатава недела отиде тетка ми да врати, ама знам порано отиде она.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.947
    Инаку, видете што ми пишува за пратката што ми стои во Вип Пошта :D:
    Screenshot_20251225_132453.jpg

    Мислам дека и претходно вака ми се има случено, само не обрнував толку внимание на времето на достава, а уште помалку кој ја носи.

    Сакав да кажам, верувам дека некако си водат евиденција колку пратки каснат, за колку време кој ги доставува итн; верувам дека и ним ќе им прекипи ако претеруваат Вип Пошта, особено ако има доцнења, па Тему губи пари со тоа што ти дава 110 денари кредит за доцнење.

    Едит: А инаку, кај наоѓате пакети/чиња за враќање? Никогаш ништо немам враќано во животот, затоа сум како изгубена, го overthink-нувам :D:D.
     
  19. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Јас ги користам поголемите прозирни кеси во кои ми праќаат производи, не мора да е во пакет освен ако е нешто што може да се скрши.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    3.846
    Пол:
    Женски
    Луѓе по месец дена, молење јавување недобивање, спуштање на тел, конечно денеска откако го прошетав цело Скопје ја земав пратката да не ме мислите, препорака до сите што имаат пратки лично да си ги подигнат од ВИП ПОШТА, затоа што абер немаат не се замараат крајно безобразно. Да не ме мислите:shake:
     
    На goddess.Of.chaos, MeowMeow, Maelina и 3 други им се допаѓа ова.