Dali nekoj ima naracuvano ramki za ocila pa vo optika da ste stavile stakla? Ako da,dali se ubavi ramkite,mnogu eftini,diskutabilno e za kvalitetot
Да, ми ставија во оптика стакла. Рамките да, лесни се ептен, баш пластични. Мене ми се за резерва и по дома само секако па не ги носам често, за секој ден носење што знам веројатно би се оштетиле полесно.
Dali i kaj nekoj se ima ova sluceno ili momentalno e taka tri pati po red mi dava kako e predadeno od carinata?
Од винцето ти се мешаат статусите. Ајде прочитај уште еднаш: - Подготвено - Проверено - Пуштено Све је исто на ,,П'', само њега нема.
Мене ми се има случено вака, не знам од која причина, веројатно некоја грешка при tracking update, но си стига секако во рокот пишува три пати се предава на царина на различен датум, а идентично време, не кај зелената линија, над и под неа, претпоставувам за тоа е прашањето
Вака сега, изумив дека го исфрлив стариот број веќе не го користам, ама на нарачкиве ми стои тој, веројатно таму кодот ќе ми стигни... ќе ми прават проблем за да си земам пратките, отрпилика следам на тракинг до каде е, ќе појдам да си земам... или чаре како да го средам ова?
Не зборувам за горната линија со статусите. Зборувам за долниот дел каде што истиот статус „се предава од царината“ се појавува три пати со различни датуми. Тоа ми е прашањето. Значи не е виното , апликацијата ја врти истата фраза како грамофон
Смени го бројот во податоците на Тему, заради идните нарачки, а кодот го пуштаат од каргото, така што ќе можат да ти пратат код на новиот број, претпоставувам.
Ќе ја покажеш нарачката од апликацијата тоа ваљда е доволна потврда дека ти си нарачал пошто само ти имаш пристап..
Ако бараат код, директно во карго веројатно и на нов број ќе ти пратат порака. Само носи лична карта со тебе. Немам искуство ама логично ми е да можат на лице место нова порака да ти пратат.
Јас те сфатив на што мислиш, don’t worry И мене ми се има случено неколку пати истото да ми го пишува, еве screenshot, грешка некоја при апдејт веројатно, си стигна пратката околу недела после последниот повторувачки апдејт. Така што не се секирај
И мене ми стигна денес ваков мејл. И ги пополнив документите и ги пратив. Во меѓувреме ми се јавија за да ми кажат дека мора да бидат пополнети сите документи од мејлот. Ми рекоа пратката ќе стигне за 10-15 работни дена. Ова е нешто ново за мене, но си реков ок, само да ја добијам пратката. Малку контрадикторно тоа што пишува "сите давачки и трошоци за оваа пратка се веќе покриени", а после дека ако не пратам мејл во брзо време дека ќе треба да платам за лежарина. И се е тоа во ред, но нешто што не можам да сфатам е што сега за статус на пратката стои DELIVERED, а не стигна до мене. Ова ми е пресомнително, но веќе е надвор од работно време, да не ѕвонам. Мејлот е од адреса pult@intime.mk, што личи дека е официјална, но зошто стои статус како да сум ја добил пратката? Те молам кажи како помина ти, јас почнувам да паничам, да не се работи за злоупотреба на лични податоци.
И јас имам пратка за која ми пишаа имејл и ми се јавија вчера, ама им реков дека в понеделник ќе им ги пуштам документите. Во меѓувреме, и мене на Амазон ми пишува дека е delivered, баш ми беше чудно. Инаку, вторпат ме контактираат вака за пратка од Амазон, и исто тогаш ги пополнив и им ги пуштив документите, не требаше ништо да доплатам, само не се сеќавам дали и тогаш вака однапред ми пишуваше дека е delivered. Така што, имајќи го предвид претходното искуство, мислам дека ќе е ок и сега..
ОК, фала ти, ова ме охрабрува дека е во ред. Ќе те известам што има. Но, чудно што по втор пат треба да пополнуваш, а веќе им имаш дадено полномоштво (за во иднина).
Не се замарај, ќе стигне. Им се брлави апликацијата со тракингот. Или пак на царина почнале три пати мери, еднаш сечи.