@nikola+, еве мал апдејт - само што ми ја доставија нарачката од Амазон. Документите ги имав поднесено на 12-ти. На Амазон апликацијата повторно добив нотификација дека пратката е delivered .
Недостасува тема во која можете да објавувате се што сте нарачале од Тему. Мислам дека ќе биде доста корисно, исто како што е “Што последно си купивте?” Само оваа да биде за Тему производи
У недела доставуваат овие од Тему? Ми стигна порака дека ја превзел курирот, не знам дали да ја очекувам утре..
Шо значи ова, до утре има краен рок да стигни праткава..? Да стегнам refound ако има опција и да немам грижа на совест?
Ја вратиле у база, бар така пишале, а зашо ова? Може па сепак ќе ти ја достават. Зарем не си ја бараше сам? Глеаш ги нема, да контактираше да видеше шо е работата. Кое карго е? Инаку чим ја враќаат, ќе ти рефундираат штом се врати назад.
Ко ќе стегнев на Трансфера да видам кај се наоѓа итн, ми даваше дека е Карго Експрес, некни ми стигнаа други пратки, а ова ја немаше, прва ми беше порачана. Ако ја вратат во Кина то е.. само refound ќе стегнам оти зимски дебели тренерки беа, нема да ги носам летово, зато шо досеа требаше испрани и износени три пати да бидат.
Не бе, со Трансфера Карго Експрес? Со нив од мое искуство соработуваат Елс и МикМик. Пробај на нивните сајтови да го ископираш тракинг бројот и залепиш, па види шо ќе каже. Така ќе знаеш кај кој е пратката, и моеш да ги побараш да се распрашаш.
Во последно време најлошата среќа ја имам со пратки. Оваа е минатиот петок порачана. После колку време од ваква порака ви мрднала пратката?
Абе стигна и мојава. Уште саботата ми се јавија (само не стигнав да се вклучам тука). Баш како што рекоа 10-15 работни дена.
Порачав пратка од тему каде цената е 1200 денари, пратката ми е уште на царина дали ќе има некој проблем што не е над 22€, тотално изумив на тоа.