Пратките обично кога ги нарачувам ми се од 44 евра до 49 и немам до сега ништо додатно платено (за сите што ве интересира и за поголеми цифри).
Што е проблемот сега и со Виа пост? Пратки преку нив, веќе 3-4 дена не се превземаат, они секогаш беа брзи и ажурни. Имав пратки на кои сакав да им се порадувам, ама ништо изгледа од мојава радост
Пратката што не ми стигна, и му се врати во Кина, ми исплатија пари назад, експресно и тоа автоматски само refund напрај.
Знае ли некој после колку дена стасува нарачката одкако ќе ја ослободат од царина? 4 дена стои дека е пуштена од царина, а никако да стаса до курирот
Има ли некој број од овие QT Express? Вчера требаше да ми донесе пратка дечкото што едвај зборува а и не разбира македонски, се јави да праша каде да ја донесе пратката му рековме во Стаклара рече а па јас сум во Усје далеку ми е ќе ви се јавам, после 40 минути му ѕвониме вика ние сме во Баринци сега. Денеска ѕвониме на бројот како блокиран, едвај го добивме од трет број рече ај ќе видам утре(сабота). Не знам како ги примаат неписмени од Усје од две страни си во Стаклара и плус попатно му е накај Батинци не е далеку само да влезе на семафорите и да застане кај Рамос му е тешко.
Имаше некој застој во апликацијата. Мене денес ми ја донесе пратката, исто пишуваше 4 дена дека е на царина. Се надевам и кај тебе ќе стигне денес/утре.
За колку време ги рефундираат парите? Случајно нарачав погрешни работи, веднаш ја откажав нарачката и побарав да ми се вратат парите, па ако некој има вакво искуство нека сподели.
Аууу зашо вака? На Тему имаш ли вакво? Спојлер После ова, секогаш банката ги пушта за некој ден. Многу пати ми имаат рефундирано.
Да имам исто така, само пишува дека financial institutions should process within 5-14 business days, а кај тебе гледам е 1-5 дена. Нешто до тоа е сигурно
Дали си ја добивте нарачката ? и јас имам нарачка треба они да ми ја донесат па немам ни контакт за да видам ако неможат барем сама да си ја земам ..
Ете после толку нарачки мене ми се случи да ми се изгуби нарачката. Пишува дека е изгубена и нарачав исто пак па со среќа се надевам ќе ми стигне.