Потребен ми е број бидејќи пратката не ми е доставена а се води како доставена. Пратката 1 недела беше кај каргото преземена и не ми беше донесена а сега веќе се смета како да сум ја зела. Доколку имате број или маил ќе можам да ги барам. Или бројот од кој што ви ѕвонат за подигање.
Не знам дали ќе завршиш работа со телефониве што ги имаат на нет. Најдобро да одиш до најблиската нивна канцеларија околу тебе и види така што ќе направиш.
Кои доставуваат за QT Express? Прв пат овие ми ги пишува. И искуства ме интересира дали праќаат брзо.
Мене Виа пост секогаш ми се паѓале со нив. Брзи се генерално, да, еднаш само почекав малку поише од вообичаено.
Дали некој нарачал air tracker т.е направа за следење на личности. Сакам за ќерка ми да земам како привезок изгледа ама не ми е јасно колку покрива ?
Девојки што се случува со Тему у последно време? Досега се ми стигало за брзо време, сега пишува дека неуспешна достава поради непозната адреса, а сите пратки ми стигале на истата. Ѕвонев, пишував меил ама никој не враќа. Последно пишува вашата пратка ќе биде вратена. Како бе?
Која брза пошта требаше да ти ја достави пратката? Се влечкаат периодов, чекам и јас една пратка, ме фати месец дена веќе.
Можно е, мислам дека се тие. Кај нив само замарање директно во канцеларија, инаку вака по телефон тешко да ги добиеш.
Колку време најмногу сте чекале нарачката да ви е испорачана? Имам персонализирани и pre order и знам дека не можи истиот ден.. но од минатата недела ми стои така уште не се спаковани производите.
pre-order мислам 5-6 дена чекав, после тоа стандард. За персонализација незнам, сигурно нема да пробијат рок, ако пишува 8-9 дена на производот најверојатно во тој рок ќе го завршат.
Мене последната пратка, баш овде кога прашував ми стигна за 9 дена. Дури порано од датумот кој беше наведен како почетен. Некои пратки овде во МК ги чекам по една недела.