Не знаев дека и од тему стигаат пратки преку пошта. А, и данокот е вклучен во цената, од кај ги најдоа 900ден.... Може од памет вадат суми и бараат, кај успее, успее
И јас на тоа се сомневам. Немаат никаков документ, им барав да видам за што се тие 900ден. Само креваат раменици и 100 пати ми кажаа така пишува на списокот
Нема давачки за враќање. Само пакуваш, принташ, лепиш и праќаш. Поштава заедно со царина значи одличен начин си најдоа да крадат. Арамиишта. Зашо преку пошта праќаат? Или сакаат да не се порачува више? И Тему више заебано стана.
Веќе и за враќање станале ригорозни. Порано за дефектни продукти рефундираа без проблем дури и без да треба да вратиш, е веќе не, мораш да го спакуваш и вратиш. Прашање на време е кога нема воопшто да рефундираат. Кај и у шо бе да спакувам нешо малечко, коа отворено е и фрлена кутијата? А и фино лепо можат да ми кажат, работи продуктот кај нас Така да сеа сфаќам тоа шо викате не се исплаќало да се враќа. Уопште Тему не е ко шо беше. Да си ја деинсталирам апликацијава најпаметно би било.
Да и ситници бараат да се вратат ама за тие ситници ја "преговарам" со агент на чат за рефундација и секогаш ми враќале пари
Да за некој работи пола враќаат за некој цел износ ми враќале. Јас секогаш си барам како кредит пошто се ситници, и вака и така пак ќе ги потрошам
https://forum.femina.mk/threads/temu-outfit-inspo.35838/ Ајде на тема аутфит, споделете што носите и да се инспирираме
Како е кодот за да ги најдам производите што ми ги даде како free gifts? Не ја исполнив нарачката и ми се изгуби
Пред скоро месец дена направив нарачка од тему, ми даваше нешто како гратис и се излажав-ми ги повлече парите, околу 3000 денари. Тоа уствари кредити ми давале а не гратис. Во истиот момент ја откажав нарачката и после 2 недели ми стигна известување дека парите се вратени од нивна страна, само дека требало некој период да помине додека банката тука не ги испроцесира за да ми легнат на сметка. Имам и reference number дека парите се вратени, но до сега на сметката не ми стигнале парите, а пишуваше дека треба да ги имам најдоцна до 4 април. Има ли некој искуство со нешто вакво? Што да превземам?
Јас откажав нарачка, бидејќи по грешка два пати ист производ нарачав. Исто така со чекав до датумот, а на сметка не ми ни стигна нотификација дека се префрлени. Па ѕвонев во банка најдоа дека се истиот ден префрлени, само не беше цела сума туку около 20-30 ден помалку.
За поврат на средства не стигнува нотификација. Јас ги утепав Авалон со мејлови до кај се парите од вратени карти за концерт, а повратот веќе легнал на сметка. Тоа во банка ми кажаа, кога бев да проверам за трансакции.
Ама јас имам електронско банкарство и ги гледам сите трансакции. Ќе се јавам утре баш да видам до каде е бидејќи требаше да ми стигнат од 13-23 март и не подоцна од 4 април. Што прават банкиве и зошто им треба толку време стварно не ми е јасно