Те разбирам дека не може цело време да се контролира што детето ќе стави во уста, ама барем за работи врз кои имаме контрола нема логика да ги правиме работите полоши. Таа подлога од тему не е истата од бебешката продавница, туку е копија. Облеката што е од зара е можеби шиена во Кина, ама поминала низ многу повеќе регулативи за разлика од истата која се шие во Кина ама се продава на рандом продавница на тему. Во такви производи не е ништо ни чудно да се најдат остатоци од олово и сл. тешки метали, кои сигурно нема да се најдат на играчка произведена во ЕУ. Истово мислење го имам за сите производи од тему кои и ние ги купуваме а не ни се неопходни. Да не испадне дека јас ти солам памет што ти да купиш за бебето, секако дека не, само дискутираме и сакам да нагласам дека ова е поголем проблем од само индивидуален избор.
Да ве прашам кое метро од тему го користите за чевли? Јас сега измерив со тоа што го имам, но таму си имаат посебни броеви. За блузи си порачав нивно метро и супер се сите. За патики еднаш утнав сега ќе видиме со мерено. Ве молам ако има искуство некој нека пише. Има различни метра.
Зашо од Тему мора да е ? Метро ко метро вајда исто покажува и мери Инаку ја никое, не сум мерела ништо, ни за облека, камо ли за обувки, па погодувам. Броевите се тие, обично стандардни се, мене бар ми се погаѓале точни. Глеј кај што пишува ЕУ. Носам 39, 39 според ЕУ сум зимала, а на нив стои поголем број, зашто азиски се нормално. За облеката погледнувам табелите, чисто за ориентација, да знам отприлика дали би ме собрало, немало утка.
Различни метра има Затоа помош барам Ќе видам сега со моето метро дали ќе погодам ако не и ако знае некој го молам да ми каже. * Јас утнав број не се како кај нас. Два броја мислам отприлика поголеми ми ги донесоа. Ако носам 38 тие беа за 40.
Ама зашо вака? По грешка ти пратиле или? Помали се обично, затоа се чудам. Порачувам 39, и да, стои 41, ама одговара за 39.. Можда па нешо калапот бил поголем, шо знам. Измери си убаво ајде.
Различни метра? Прва пат слушам. Секогаш сум мерела со најобично метро што сум нашла по дома, и секогаш се ми се погодило. @Dashing:)
АХАХАХХАХАХА Дашинг бе да не пукнеш Како сакаш врти ко пак е метро Облека со вакво мериш? Вајда не мислиш дека различно мерат?
И облека мерам со посебно нивно метро. Што е сигурно, сигурно си е. Еве и слика. Различно изгледа тоа за облека. Поголеми се броевите на метрото. Можеби си сретнала вакво до сега.
Еден cm e ист како кај нас еден cm имаш мерено со некој друга мерна единица најверојатно инчи, обично метрата се во mm и инчи заедно.. Не може да е различно
Се заебаваш малку? Вкупната должина што може да ја измери, то ест да се растегне е 2, 5, 10.. Значи мери до таа должина, а не дека други димензии ќе ти даде.
Што се случува со апдејтиве од Тему? Многу назад се некако. Утрово ми иди порака од Карго Експрес дека стигната е пратката во градот и ми ја доставија пред некое време.. а овде заглавено е уште дека е земено на царина.