Ве молам некој ако знае купон за нови корисници да сподели..имаше нешто од 10 евра знам или ако има поголем уште подобро
Враќаат. Кредит одма враќаат, ако сакаш на картица, зависи од твојата банка. Мене за 4 саати ми стигнаа. Ама да знаеш безобразни се, секое враќање на пари, лимитот за нарачка го зголемуваат. Барем така е кај мене. После само нов акаунт те спасува, нема шанса да ти го тргнат.
Само у кредити. Колку е лимитот? Ја мнг пати иам рефундирано, лимитот увек бил 600. Има една финта да ја наречам, ако не ви се фрлаат 600 или колку и да се денари за минимумот, можете да порачате и да направите кенсел на тоа што не ви треба, задржувате тоа што ви е мерак. Кај мене функционира ова, ми праќале за 150, 200 и нешто итн.
После па лоша ја, а глеј како водам рачун за вашиот буџет, да ве поштедам од порачување глупости Ти пишав
Некогаш знаат да имаат поголеми/помали броеви од стандард и погрешно да се сфати, најубаво ако има reviews таму ќе видите дали е точно, обично луѓе коментираат дали е стварно S/M/L итн или е поголемо/помало од што треба.
Ова функционира најубаво кога плаќаш на врата. За на картица кога плаќаш не знам како, може да те заебат во поени со рок на важење.
Дали на секоја пратка плаќате ддв при преземањето? Малку ми е нелогично без никаков документ давам кеш пари на курирот. А и законов за ддв го сменија за пратки под 22евра. Како претходно порачувавме над 22евра, а не плаќавме ништо.
Тему си пресметува на самата апликација ДДВ ти ништо друго не доплаќаш, за пратки од Али Експрес се плаќа ДДВто како откупнина кога ја примаш пратката.
Од кога вака? Ти пратија смс од каргото или? За АлиЕкспрес праќаат смс и се плаќа на каргото а Тему ддв-то им е пресметано во цената.
Денес ја земав пратката од карго. Да, пратија смс со вредноста на пратката и колку треба да платам. Но сепак најголемиот револт ми беше што не даваат никаков документ за што плаќам. Само си ги земаа парите.
Пиши им на тему. Нека знаат со кои таленти си работат па може нема да праќаат по нив. А од кое карго ?