Колку доплати? Онлајн платено така? Не може да бараат, во цената на продуктите вкалкулирани се и трошоците за ддв. Нешто те заебалe од карго. И за преку Македонска пошта си пишала исто дека си доплаќала. Сигурна си дека од Тему се праткиве?
Оваа е од Тему. Мислам дека доставувачите го злоупотребуваат ова со ддв и за тоа пишав. Дрзок беше ако сакаш земај ја, ако не ќе ја вратам. За 1340 ден платив 241ден А во пошта излезе пратка од пред 6 месеци од алиекспрес, имав заборавено на неа, а чекав од тему и мислев дека е таа. Платив 900ден за да ја земам, што беше лудост, но бидејќи поминаа 6 месеци не можев да побарам поврат на парите...
Па на место на картица пари, даваат опција купони. За следна нарачка да ги искористиш, но еве мене ми даваше не знам некое време шо ми важат. Оваа опција што ја кажа ти јас ја применувам за плаќање при достава.
Сакам да прашам дали има и други што ги чуваат работите за наплата во корпа како во желби? Бројот на желби е ограничен и некогаш тие се чувани во корпа. Но, се случи мала несреќа. Тему ми наплати за 2 работи кои си седеа во корпа без да бидат порачани. Дали некој друг има вакво искуство? И како да си ги вратам назад парите? Зашто јас не сакав да порачам. И тоа два исти фустани.
Корпата ми е над 500е во секој момент, од кога почна Тему да продава кај нас, само бришам едно, ставам друго. Никогаш не сум имала наплата без јас да ја стиснам. Ама ми се има десено да нарачам 2 од истото зошто не сум гледала убаво, така да не верувам дека е купено без сама да кликнеш, си направила нешто несакајки, се случува. Ако не е пратена, можеш да ја откажеш, ако е пратена ќе ја враќаш кога ќе стигне.
Исто како и членката погоре, моментално корпата ми е 969€ и никогаш не ми наплатило нешто што сум го селектирала сама. Ми се има случено да направам нарачка и да разгледувам други производи и место во корпа да ги ставам да притиснам на тоа one click pay и да се додадат на веќе направената нарачка. Ама пак тоа е моја "вина". Плус пред да се наплати треба мислам едно 2 пати да стиснеш да потврдиш нарачка. Така да сигурно си ги селектирала производите а не си приметила па се наплатиле и тие.