Не е точно. Тему продава во цел свет не само во ЕУ, како тоа само во ЕУ е штетно а пример во Австралија не е? Пропаганда е заради заштитување на домашното производство во Европа кое e во голем пад поради кинеската конкуренција.
Јас сум родена и живеам во Холандија, со потекло од Македонија и понекогаш ги читам ваквите работи овде на форумот. Можам да кажам дека не е точно тоа што се зборува во Македонија за тему. Долги години правиме нарачки од тему и досега никогаш со ништо немало проблем, всушност сакам да кажам дека не сум слушнала ниту еден такво збор односно разговор за тему овде во Холандија, ниту и низ Европа. Се работи за пропаганда со цел како што кажавте и вие да се заштите домашното производство. Кинескиот пазар со голема брзина ја освојува Европа, има квалитет, не знам во Македонија, но овде во Холандија кинеската роба има голем квалитет. Јас сум презадоволна.
Леле не почнувајте пак со темава. Да не ме сфатиш погрешно ништо лично према тебе него темава за дебата е веќе досадна. Можда робата на тему е со послаб квалитет ама муабетиве што ги вадат демек канцерогено, хемикалии ми се најголема глупост. Се согласувам со членовите погоре, пропаганда. Не знам дали се сеќавате и за играчките од џамбо имаше вакво нешто демек канцерогеми па еве сите (скоро сите) трчам во џамбо по било што
Иаме, и сеа тоа значи дека готови сме? Иам порачувано неколку шољи, иам и стаклени чашки. Најнормални стигнаа, ништо не забележав, нема мирис, принтот се нема ни излупено, ист си е како коа стигна. Зашо создавате паника кај луѓето? И облека носам, и други ствари користам. Убав пример пишала членката за Џамбо. Од кај мислиш дека им е робата? Грчка антика да не е?
Види,јас најнормално си прашувам,ако не сакаш не мора да одговараш,што е ова само напад и навреди....сакам да си нарачам нешто од Тему,па нормално да си прашам пред тоа....а и на крај Краева,не те прашав тебе
Тоа што не ми се допаѓа = пропаганда. Не треба многу размислување за да дојдеш до заклучок дека нешто кое се продава за нереално ефтини пари не може да е направено од квалитетни материјали и да поминало ригорозни мерки на проверка.
Да пијам од шољи/чаши од тему. Едино што престанав да нарачувам од тему се стаклени цевки. Мене лесно ми се кршат па ризик ми е да пијам а да е напукната
@Amellie13 од Виапост што ти пишува? Ископирај го тракинг бројот и иди на сајтот нивен. Да видиш дали е означена за доставена. Или контактирај ги QTEXPRESS. Ми се нема десено. Највише после 2 дена означувале, обично е истиот ден.
Незнам дали да излезам, оти курирот уште пред 2 дена ја примил пратката, денес работат ли? Оти верски празник е...
Истото го пишува како и на Тему. Си стои како да не сум ја подигнала пратката и се чека. Пак контактирав customer service на Тему и ми дадоа 220 денари кредит за неубавото искуство со логистика. Им пишав дека ја имам пратката доставена ми е. Но пак си стои статусот непроменат. Ова прв пат ми се случува со пратка.
Дали имате искуство со враќање на производ? Порачав балетанки но ми се големи. Во поврат на средства има опција за голем/неточен производ но не сум ја искористила до сега. Дали ќе треба да ги вратам балетанките по карго што ги донесе? Или пак е долг процес и не вреди?
Другарка враќаше некој производ за мачки назад по каргото што и го достави па, после и рефундираа средства. Јас па, фустан сакав да враќам ама не ми побараа да го вратам туку да го задржам и поголем дел од сумата што платив ми рефундираа колку што се сеќавам.
Изгледа зависи од тоа колку пари биле балетанките. Имаше некоја сума над која бараат и производот да се врати назад. Јас пред неколку месеци нарачав балетанки, големи ми беа и ги вратив назад. Кога стиснав return или нешто така (ако сакаш ќе проверам па ќе ти пишам детали), ми излезе едно тикетче за принтање и требаше да се залепи на оригиналната кутија. Преку ЕЛС враќав, мислам дека ми пишуваше каде и до кога е рокот за враќање кога кликнав на опцијата за враќање на пратката. Избрав да ми го вратат парите како кредити, ми ги вратија одма откако ја оставив пратката.
Ви благодарам многу за брзите одговори Не се мачи, не проверувај ќе кликам следно следно па ќе видиме што ќе каже
Прв пат ми се случува пакет да не стаса. Тракингот е QTEXPRESS VIA поминаа тие месец дена рок што го дава тему, последно е дека поминала царина и требаше да биде подигната од каргото и таму застана. Ми ги рефундираа парите од тему, но дали има некој контакт од виа пост кај што стварно креваат да видам што се случува, локалниот доставувач ми кажа дека и он истото како мене го гледа не може ништо друго да направи.
И мојот пакет е во Виа пост, стои таму во магацин пишува ме барале не сум се јавила, што не е точно. Телефони не креваат, локалната канцеларија затворена. И сега што друго остана освен да чекаме? Со ниедно друго карго не сум имала таков проблем.