Во различни денови ја направи ? При секоја нова регистрација има одредрни денови на попуст. Најверојатно завршил па затоа. Можеш да си креираш нов профил за нови купони.
Јас некогаш ја менувам адресата, кај другари и роднини низ Европа и Америка, ако на другата адреса ми е помал шипинг или бесплатно. На пример од Амазон во Америка повеќето од работите се бесплатна испорака или нешто ситно, ама најважно е кога порачуваш нешто што ќе се полни на струја мора да внимаваш да е за европски пазар, нашата струја и во Америка и Австралија не е иста. Ние имаме појака струја па може да ти го прегори уредот. Проверувај си волтажа во описот или пиши му на продавачот.
Истото ми го пишува и мене Најбрза достава ми пишува за 5 дена, а најдоцна до 7ми Декември, па сега ќе видеме кога ќе стигне
Од мое искуство до сега (не во мк) откако ќе стигне на аеродром уште 10-12 дена поминале додека ми се достави пратката. (царина и остали формалности) Така да за некој си 10 дена очекувајте ги
Првите што порачавте пишете чим ви стигнат. Јас завчера порачав брзо ја прифатија и ја пуштија. Како сме тргнале...
Не знам колку се ажурни по мк царина и во курирска служба ама не би требало да трае тоа долго. Кој прв прими пратка одма нека пише
Малку хелп Зошто ми вика дека треба да направам нарачка над 1,100 ден за да можам да порачам?или јас нешто сум грешка? Како функционира ова?не можеш така ситни сумички?
Ставај си во кошничка ствари додека не ја достигнеш сумата, да видиш како се берат кога ќе испостегаш се Само не знам зошто е 1100, кај мене беше над 900 денари. Инску и кај мене пишува дека е на аеродром во МК, се надевам за брзо ќе ги имаме
Лелеее ајде ќе кажеш ако стигнат,те чекам да се пофалиш И сега морам да направам над таа сума за да си порачам?глупости
Не можеш едно по едно да нарачуваш како на али, него можеш повеќе работи да ставиш у кошничка и сумата да биде на 1100 ден
Мора да направиш минимум 1100 денари нарачка за да ти ги испратат производите, под тоа не можеш. Инаку кај сите е различно, кај мене беше 900 минимум
Имав нарачано од Тему ги чекам и реков дури не стигнат вие не нарачувам друго. Денес ко за беља отворив. Многу работи ги начекав луѓе по 1 или 2 парчиња останато по 30-40 ден. Сакав на сопругот за трчање на долги ракави барав и покрај тоа отидоа 900ки. Купив многу глупости по 30 ден. Барајте такви некои работи што ви требаат, по некое парче останато оти попустот е голем на тие.