Добро што е со каргава? Овие се Мик Мик. Ниту ме побара некој денес ни ништо. Само ми имаше на Вибер порака стигнато некни.
Истово и кај мене стои, delivery failed, пакетот го вратиле во магацин... Дали дека празници фатија...
Јас вчера добив порака од Мик Мик, мислев денес ќе ѕвони некој за достава, ама уште нема ништо. Друга пратка ми е во Вип, тие ми пишаа ако сакам да си ја земам. Неверојатно како едноставни работи ги комплицираат.
Јас сум имал пратки од МикМик и биле најажурни до сеа, ептен брзо ми ги носеле пратките. Почекај ќе ти ја донесат.
И јас мислам дека три имав со нив, мислев дека ќе чекам многу бидејќи кога почнаа со достава на Sinsay и некои други продавници многу луѓе се жалеа дека чекале предолго, но всушност истиот ден кога стигна tracking update дека е кај курир ми ги носеле пратките.
Искрено, ни за денес веќе нема надеж. Добро е утре ако ја донесат. Јас најдобро искуство во минатото сум имала со Виа пост и Елс, ама мислам дека ми се погодил реонот можеби.
Да, исто и кај мене, обично на сабајле ќе прателе код и по час ипол ја доставуваа, така да задоволен бев од МикМик.