Градниците дали им се океј? Прашувам конкретно за големи бројки на градници, за нас плус сајз со уште поплус сајз големина на гради да знам дали да нарачам. Уште од Тему не сум купила градник.
Како ќе им текне така. Кај мене одамна се немаше појавено. Еве го. Пиши Claim credit у срч и види дали ќе искочи. Можеби па тие шо праат по 100 пати нарачки у месец добиваат редовно. Порано пречесто порачував, го имаше, ама и исчезна еден период. Зависи какви. Ја иам вкупно 5 порачано, сите спортски освен еден као за на фустани, но не го бива, претенок грд материјал, не ми ги ни држи воопшто, ужасен. Од градници овој спортскиов ми е најубав Да се чудиш како ги поткрева добро и колку цврсто стојат. https://share.temu.com/gY7MI3t0EFB За другите модели не знам. Не знам колку плус сајз ти треба, ја 85C сум порачала. Имаше голем избор на бројчиња.
Ако некој нарачал градници и хеланки за вежбање ве молам линк од кои сте задоволни. @Mrs. right тебе ќе те тагнам дека веројатно ист број градник носиме да препорачаш што ти се погодило
Уфф сетови за вежбање, само шо не вежбам https://share.temu.com/onkvl7Rjo7B Ова го иам, искрено да ти кажам само хеланките си ги носам, градникот појма неам кај ми е Таман ми беше коа го пробав Л величина. Не се лоши, удобни се хеланките, си ги носам. Она третиот дел е ужасен, не знам ни за шо служи https://share.temu.com/QYXX3eg8UtB И овие не се лоши али требаше Л да зеам од нив, малце ме стегаат М.
Па 110 E, D, и ако постојат уште поголеми бројки по можност јас сестро 85C сум носела можда ко тинејџерка само. Бројка наоѓам само во Лиска, ама претераа со цените, поевтин од 3000 нема сега. Ми ги фалеа од Тему дека се ок, не дека за евтина цена очекувам да се wow, ама па и не ми се порачува на среќа и да ги фрлам одма ако не чинат, затоа си прашав.
За колку време ви стасуваат овој период Тему нарачките? Предходната нарачка ми стаса отприлика за 2 недели а сега имам нешто поитно па ме интересира отприлика.
Вчера ми стигна од Тему после 14 дена од нарачката, ја порачав на 06.06 и стаса вчера на 20.06. Првично немаше апдејти, беше споро нешто и му пишав на чет ботот и рече дека дополнително ќе следеле и тие па за чудо ја убрзаа со Трансфера а имале проблем со апдејтите со партнерите со достава па средија ај. А МикМик ми ја достави до дома. МикМик стварно најбрзи шо ми доставувале пратки, во 07 часот утрото ми пратија порака дека е пуштена на достава а до пред само 8 часа била во главен магацин, потоа по 2 часа ѕвони доставувач вика пред куќа сум, алал да им е.
Јас еднаш побарав рефундација за производ, ми одговорија дека ќе ми ги вратат парите без да го враќам јас производот, само да бирам дали да ги вратат на сметка или да ги вратат како кредит на Тему за да ги искористам за следната нарачка (го избрав второво, немав потреба од код, автоматски си беше пресметано во следна нарачка да ми ја одземат сумата). Ама изгледа за различни производи има различни правила, тука во темава имам читано дека враќале производи назад. Ако ти стигнал код, веројатно треба да го внесеш за да го искористиш кредитот. Има градници, да, секакви големини. Ќе пишеш во полето за пребарување број на корпа и веднаш ќе најдеш. Некои се поквалитетни, некои не толку, воглавно солидни се.
Zdr pisuva deka narackata mi e vo Sk, dali ima sansa utre da mi dzvoni kurir, brojot za info go pisuva na ELS kargo Sk
Јас земав лани задоволна сум моето бројче си го порачав ,ама прочитај си пред купување искуство од други што купувале
Два пара имам купено, одлични се. Само види во Водич за големина, некогаш на Тему се поразлични броевите. И обавезно читање рецензии од купувачи пред да се порача.
Со корпа имам купено дводелен, одличен е. Јака боја што не избледе, со постава, не се проѕира. Само гледај си димензии. Јас намерно си барав поголем број за да ми се погоди корпата, и точно како што беа пишани димензиите ми стигна. Спојлер: Слика немам слика од долните