Дали вреди да поканувам луѓе на Тему за да освојам бесплатни подароци? Или да не си трошам време џабе.
Другарка добри подарок, јас не успеав. Треба да покануваш нови корисници, и да ја чуваат апликацијата бар додека го испратат подарокот. И мислам дека во зависно од вредноста на подарокот, го одредуваат бројот на луѓе што треба да ги поканиш.
Mилшпед Ново карго е. Имам видено комбенца низ Скопје. Мислам дека е подружница на српскиот милшпед отворена кај нас
@theowndemon ми има останато во сеќавање некаде по темите ја имам прочитано дека има нешто вакво, а можеби и грешам Нека се јави на главна каса
Јас само тркалцата со рачката ги купив и топ се. Го наместив ранецот што го имавме купено од Скопје и цела година ги користеше, не се оштетија ќе ги користи тркалата и во новава школска.
За другата роба незнам, ама за долен веш од тему сум пријатно изненадена и од моделите и од матријалите
Јас еднаш нарачав маички со бројот кој го носам, ми стигнаа поголеми. Свеки и она нарачуваше со нејзиниот број, ама и нејзе и стигнаа поголеми. Така да веќе од тему облека нема шанси да нарачувам.
Облека само едни хеланки имам нарачано и убави се материјалот е многу мек, ама што знам облека многу не ми се порачува од таму. Повеќе купувам низ дома нешто. На ќерка ми играчки, шноли, за скланидарње шноли, организатори.
Дали е до мене или цените се ептен накачени? И во локални продавници ги гледам скоро истите производи за иста или слична цена (зборувам за секојдневни производи)
Да, разликата е единствено тоа што има поголем избор, а инаку Базаро, Еуроланд, flying tiger и некои локални продавнички ги имаат истите работи отприлика. Дали е ова ради ДДВ што додадоа или?
Ми се појави опција на Тему да платам производ на рака кога ќе ми стигне . Дали некој ја користел оваа опција ? Како оди плаќањето ме интересира ? Дали се плаќа на доставувачот / поштата или ?
Нема врска. Сумата што е наведена кога ја правиш нарачката се плаќа, не е поскапо. Никогаш не сум платила екстра кога плаќам при достава. И забележав дека тие пратки секогаш ми стигнуваат побрзо отколку кога плаќам со картица.