1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    56.406
    Пол:
    Женски
    Јас ги добив првите 2 нарачки одеднаш. Поточно, ми се јавија дека ќе се доставуваат од понеделник, ама дека може да одам да си ги земам денес ако сакам. Две нарачки поделени на 10 пакети, секој пакет посебно го внесуваат во систем, па ми стига смс со код, јас треба да им го кажам кодот за да ми го издадат пакетот.
    Screenshot_20241116_114648_Gallery.jpg
     
    На Antebellum, tanjaaa, Трагедијаупмм и 10 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.299
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам само , воздухот во Македонија е канцероген , и врапчињата го знаат тоа , па што останува за другите работи . Убаво е што некој не потсетува на овие работи , меѓутоа , мислам дека сите знаеме дека во Македонија ретко што е наше домашно производство . Баш пред некој ден одам во КАМ да купам чварки . Читам српски производ . Така да , сума сумарум , останатите производи кои ги купуваме во Мк и даваме неколку пати поголема сума на пари , доаѓаат погодувате - од Кина . Е сега , или е канцерогено или не е , зависи каква среќа ќе имате .

    Јас нарачав некои ситници кои овде би ме чинеле Бога Оца , веќе се стигнати на аеродром , сега чекам достава до дома , па ќе видиме каков ќе биде квалитетот , што состојки има и слично ( не се витамини кои се земаат со орална суспензија , меѓутоа доколку имаат некои својства кои се потенцијално канцерогени , ќе ги фрлам ) . Единствено што се радувам е на четката за масажа на скалпот и дозерот за hair infusion , тие две највеќе ми требаат .
     
    На Antebellum, Skorpija25, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.413
    Допаѓања:
    10.452
    Пол:
    Женски
    Дали се како на слика производите?
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    2.967
    Пол:
    Женски
    Првата сеуште ја немам добиено, веќе нарачав втора.
    За првата пишува дека е во Македонија, па девовиве би требало да ми ја донесат.
     
  5. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    17.976
    Стигна пратката уште сабајле.
    Само бидејќи во 2 беше поделена, првиот пакет дојде. Битно пижамите за цеце и сталажата стигнаа :lol: @Antebellum до кај си со папучите? :rofl:
     
    На tanjaaa и BI-44 им се допаѓа ова.
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    56.406
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На anggell и Antolinaa им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.857
    Допаѓања:
    110.980
    Пол:
    Женски
    Стигна и мојата пратка. Се е како на слика совршено!!!
     
    На Antebellum, mariz, Antolinaa и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    26.474
    Дали ти стигна порака за сите пакети или само за една?
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.857
    Допаѓања:
    110.980
    Пол:
    Женски
    За болдот.. знаеш ти дека се во македонија е произведено во кина? Знаеш дека канцер дишеш? Ама нема да дозволам за она што можам да го платам за 250 денари во Базаро да ми наплатат 2500.. ДА истиот производ е таму и тука !!
     
    На Antolinaa и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Женски
    Devojki ve molam slikajte sto vi stignalo ,da poracam i jas ako e se kako na slika.Pofalete se so ubavite raboti,i so zdravje i ubavo da vi sluzat,
     
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    56.406
    Пол:
    Женски
    За секој пакет посебно стига.
     
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    2.710
    Значи, и Адидас (и вашата омилена Zara) имаат фабрики во таму некои си земји. Не ми е тоа поентата. Очигледно не можеш (или не сакаш) да ме разбереш.

    Во поскапите нешта сигурно нема да ставаат рандом евтини материјалчиња што само на лик потсетуваат на она што треба вистински да биде. Не можеш ти да очекуваш од чизма која ти ја донеле од Кина за 500 денари дека ќе биде направена од не знам каков висококвалитетен, проверен материјал. (едит: ова дури и од искуство ќе го потврдам. Супер имитација на еден бренд за чевли имам купено, ги носев неколку пати и тоа само на свадби и слично, значи не сум одел со нив, се одлепија цели, одеднаш. За споредба, истите чевли по редовна цена, оригинални, траат 10+ години.)

    Дали мислиш дека на производите они ќе напишат точно од што се направени, и дека ќе потенцираат дека има штетни состојки? Нема шанси.

    Се согласувам со тоа дека и тука од продавници купуваме свашта. Но, ако чварките се од Србија, не значи дека се лоши. Зошто тоа го споменуваш? И кај нас има „брендови“ кои шиткаат свашта у производите, не викам ја дека не е точно тоа.

    Крај краева, цената си кажува сѐ.

    Во однос на „ситници кои овде би ме чинеле Бога Оца“: кои се тие ситници? Секојдневно листам и ништо посебно (во однос на цена) не ми остави впечаток. Истите нешта ги продаваа(т) на фејсбук за исти пари. Баш масажер глеав, оној пиштол-масажер што е. Скроз иста цена, само што преку апликацијава нема да платиш достава а, од друга страна, мораш да исполниш лимит и да чекаш минимум две недели. Влечки, чевли, чешли, шноли, ташни, несесери, четки, топчиња, послужавници... Сѐ тоа го има со децении наназад. Не знам низ Мк, ама сум бил во огромни трговски кинески центри во Белград, Ниш, по Црна Гора, Грција... Е сега, дали е 10 или 5 денари, може едино тоа да менува нешто. Ама, ако ти треба, ќе го купиш за 10. Тука правиш нарачка од глупости кои, реално, никад нема да ти требаат, ама ќе ти задржат внимание. Тоа е целта, маркетингот е таков.

    За другите: не треба да ме разберете грешно, дека сум против ова. Јас, исто така, чекам нарачка. Постојано нарачувам онлајн јас, зависен сум од тоа. Секакви глупости имам купено. Мене само ми е прејако што во 2024 година се направи волкав бум за апликација каква што постоела со години и години наназад. Не знам како може банални прашања да се поставуваат по групите на фејсбук: кај ќе стигне нарачката, кога ќе стигне, зошто се дели, ќе плаќаат ли царина, колку е доставата, се доплаќа ли карго, исти ли се како на сликата и ред други баналности за кои, ќе повторам, не ми се верува дека циркулираат во онлајн-светот. Тоа само покажува (потврдува!) на какво ниво сме како нација. Од српските групи-луѓето припаѓаат за вазна за цвеќе, за гравирано ланче со буква. Мислев дека сме многу понапредни во еден ваков онлајн-свет. Ама, изгледа се лажам. Затупавени сме биле.

    Едит 2: Парадоксално, имам производи во кошница за втора нарачка. Но, ќе чекам Black Friday, можно е да дадат некои дополнителни снижувања. Ве советувам да причекате малку, ако не ви е хитно.
     
    Последна измена: 16 ноември 2024 во 17:23
    На grungy, tanjaaa, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Јас вчера направив нарачка,денеска ми стигна меил дека пратката е разделена на 3 пакета од кои 2 се веќе испорачани. Кога би ми стигнале дома производите?
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.857
    Допаѓања:
    110.980
    Пол:
    Женски
    Бумот не е за апликацијата туку за тоа колку брзо стигаат нарачките.
    Со оглед на тоа декамене од Али ми стигна нарачка од јули направена бидејки поштата ни е каква што е.
     
    На Antolinaa и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    2.710
    Не е точно. Не е поради тоа бумот. Гледам, читам по групите како коментираат, ко да е измислена топла вода.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.857
    Допаѓања:
    110.980
    Пол:
    Женски
    Секој со својата радост. Мене ми е битно дека стига брзо. Ако има нешто што ми треба а го нема тука или е 1000 пати поскапо ќе си нарачам.
     
    На Avenged, theunforgiven и Sahira им се допаѓа ова.
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Едната порачка ја направив завчера едната вчера, уште не се ни спакувани
    . Screenshot_20241116_202641_Temu.jpg
     
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.180
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Инаку кога сме кај шминки, со години порачувам едни тушеви за очи од али и се екстра, имам нарачано еднаш и маскара со тушот исто ми се погоди, и куп ув гелови и лакови.и Моливи за очи нарачува, и бронзер, и тие за корен боите и све ми се погодило, некои со години ги нарачувам исти а се живо џабе.
     
  19. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.569
    Пол:
    Женски
    На многу им е нејасно бидејќи се научени на Али, а овде дека ептен брзо стигаат и дека ги праќаат заедно и затоа им е чудно. А тиму е релативно нова, скоро 3 години функционира
     
    На theunforgiven и BI-44 им се допаѓа ова.
  20. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    635
    Пол:
    Женски
    Ako moze da mi kazaete dali na suma se plakja ddv??
    Screenshot_20241116_221915_Temu.jpg