Не би требало, затоа тему сам ги дели пакетите на повеќе да се избегне ддв и остали давачки. Јас во Србија нарачувам во износ над 40€ и ми стига во еден пакет се, ама ваљда дека на повисока сума има ддв и царина па затоа ми стига се во едно, а во МК ако е ддв над 22€ затоа ги делат. По некоја моја логика
Ми стигнаа папучите од 150 денари од Кина. Презадоволна! Има и сериозен дел од муабетов. Купив ваква термос шолја за 750 денари, у машина за садови е ќе ви ја сликнам после. Шолјава е 100/10! Сега треба да соберам ДДВ и да си купам помала. Јас не очекувам некаков квалитет од Кина имам расчистено со тоа, АМА колку и да е смешно: папучиве ем ми се точни, ем ми се таман, ем се 150 денари. Ич не ми е гајле колку ќе траат, 150 денари се... И овде по продавници нема ништо квалитетно, само цените што се до небо вака бар знам дека се од Кина и сум без очекување. Стварно ми е глупо да платам 500-600 денари за папучи со никаков квалитет. Ми требаа 150 денари да стигнам до 900, после си докупив работи и си ги задржав папучиве. Да не тупам, ама нема боље нешто што ќе најдам овде за 150 денари. Јас имам оригинал Агис (UGGs) неколку пара, донесени ми се од Германија и немаат мрднато, ама ич не ми е мерак како за овие од 150 денари, пошто се факинг 150 денари.
Мене се што ми стигна е како што сакав. Организатори за фиока, некои такви работи нарачувам. Е денес направив нарачка со лампиони па ќе видиме какви ќе дојдат. Инаку другарка ми нарача стаклени чаши, и стигнаа совршени!! Ни гребнати ни скршени. Сега оваа ја чекам
Ми стигна и мене нарачката, се е совршено. Кај и да е и втората нарачка ќе ми стигне, а моментално правам трета. Презадоволна и од производи и од брзата достава.
Ќе стигне рано ти е, ама твоево многу по шетањето е. *Јас моите ги порачав на 2.11, стигнаа во саботата на 16.11, значи за 2 недели.
Што гледав видеа вика дека треба во делот "-Ordes па Delivered да стојат нарачките и од таму да ги потврдуваме дека се стасани.. Кај мене нема.
А каде се потврдува дека ти стасала нарачката? На Али има confirm received, овде никаде не гледам такво нешто. Има само: return/refund, buy this again и track.
Mi stigna i mene denes pratkata od Temu za tocno 2 nedeli, se sto naracav e kako na slikata. Organizeri za sminki,podmetaci za chinii slameni i korpa za kafe kapsuli. Za sitnici vakvi top e
Прва нарачка 2 пакета поделени се стигнати на аеродром. Втора нарачка пола е веќе исто на аеродром, половинава стои вака... Мене вака една од 10ти ми стои...
Во апликацијата кога ќе кликнете на You, се наоѓа најдолу, има повеќе опции за да се одберат и таму има едно Delivered, тоа се наоѓа горе до Shipped. Таму треба да ги имаме сите примени пратки. Не треба потврда како на Али Експрес.
Ќе стигне, да знаеш дека работите кои јас ги порачав на шала испаданаа топ. Гледај си слики и коментари и не им треба многу време за да стигнат кај мене а и кај другите релативно брзо стигнаа пратките, за 2 недели...
Нарачав дуксер и обична црна маица. Дуксеров е огромен 2 или 3 броеви помали нарачувајте. Се друго е ок. Нарачавме и крем со која се чистат фарови, успешно е Спојлер
За облека кога нарачувате секогаш гледајте ги сликите од другите купувачи што им стигнало.. Јас така правам и од око според тоа како им стои на нив, зависно од висина, килограми и нарачувам, пошо они пишуваат и кој број имаат нарачано. До сега облека што имам нарачано ми има стигнато со точен број за мене, а не гледам од табела за димензии. Плус сум со специфична градба па затоа табела не би ми помогнала
И јас вчера го прашав истото, но треба во delivered да стои автоматски. Е сега малку касни, мене дури вчера вечерта ми се појави таму нарачката и тоа значи доставена дека ти е и ми стаса емаил дека во 18:30 сум ја примила нарачката. малце глупо ама тоа е. И плус ако на пр. во коментари ако пишеш дека на пр. друг број ти стаса одма ти дава автоматски refund. Јас оставив коментар за панталони детски дека се малку поголеми од броевте оти земав 7че а е поголемо одма ме прати на refund.
https://www.crnobelo.com/novosti/sv...hivot-se-topat-na-teloto-pri-dopir-so-toplina Бидете внимателни со облеката од Тему, особено за деца ако порачувате. Повлекуваат детски дуксери што се опасни по живот. Внимателно читајте состав и reviews пред да порачате. Јас досега не сретнав памучни, повеќето што излегуваат се полиестер или други материјали, а еве имало и такви што содржат многу пластика. Добро е да се знае ова за да се избегни штета.