Исто мислење имам дури и си помислив сигурно има полно што имаат нарачки големи направено а да не знаат е до толку ми изгледа кога ги читам
Абе ај што пишуваат постари, ама исти коментари кога ќе видам и од некои млади, па дури во коментари и се објаснуваат што како значело по 10тина луѓе како имаат живци не ми е јасно.. Ќе се насоберат глупости и пријави од нашите сезнајковци и на крај ќе му текне на тему и ќе го прекине шипингот. Ау не дај боже да ги воведат и тие кодовите за попуст што кружат по тикток за другите региони е тогаш ќе е ПОТОП
Не знаете кој со каква мака е и со колку пари е во животот, нема секој пари да порачува и да купува што ќе му текне. Мене 2100 денари од мој ддв многу ми значат. Ако можете да помогнете ништо нема да ве кошта да објасните. И јас сум прашувала а бога ми и уште прашувам глупости. Јас читав овде дека на картицата можело да се подеси лимит, јас сум на Комерцијална и уште не знам како да си подесам и страв ми е да прашам од вакви како вас...
Некој ги подучува како да бараат редуцирање на цената и поврат на пари откако ќе купат и дури откако ќе ја примеле порачката да ја рекламирале ќе им врателе пари а нарачката ќе ја задржале. Значи една работа не може кај нас да остане и од овде ќе не банираат. Тоа таму во групата е малоумност и простаклук.
Никој не брцна у новчаник да каже што и зашто да нарачува. Прочитај што коментираме. Ок е еднаш да се праша и да се даде одговор. Ако добро се разлиста групата има одговор на секое можно прашање. Ама секое второ прашање е исто. Ќе речете има и пензионери ок, еве и мајка ми е пензионер ама чита што се пишува и не прашува едно те исто кога веќе прочитала. А прашањата се повеќето од млади луѓе.
Ако скролнеш неколку страни претходно, ќе прочиташ што имам коментирано и како бев нападнат тука, дури дека сум бил спонзориран од АлиЕкспрес нешо... Страшно е што гледам вакви нешта во 21 век. И тоа не од пензионери. Нашминкани, со напумпани усти, со тесни фармерки и јаки коли типки и типчиња.
Приметив дека од ЕЛС наплаќаат достава 150 денари, доколку видите дека ви пишува за да доплатите веднаш обратете се до корисничката поддршка на Тему. Којзнае колку до сега се излажале за тоа, значи овие од ЕЛС си пробуваат кај упали … Немојте да плаќате, веднаш пријавете
Имаше и во групата на фб ако пишува достава да се плати да се контактира и елс за да си направат измена. Ама да кај кого упали упали
За тоа имаш право, беше нападнат дека преку 2 3 мислења кажуваше зошто хајп околу тему не било вау ништо народот се возбудувал на глупости, го "величеше" алиекспрес демек стара школа итн. Тоа беше иритантното.
Стигна и втората нарачка од 02.11. Се е совршено.. еве слика од свеќите.. и некои други тракатанци.. Пиши ми во порака ќе ти кажам.
А ти мислиш дека другиве луѓе не го мислат истово, дека се истите работи? Какви може да се ако и тие доаѓаат од Кина?
Јас нарачав 300 тракатанци, сите си тоа што може да биде и да се очекува за таа ниска цена. Исто како најевтините производи на Алиекспрес, всушност целосно истите производи се продаваат и таму и таму. Арно ама, меѓу другото нарачав и една блуза. На изглед е буквално иста како сликата, ама тоа квалитетот полош не можеше да биде и толку е тенка што буквално ми се познава белата маица што ја носам одоздола, а 1100 денари е, не е баш евтинка.