Гледајте рецензии, коментари и најважно е слики или видеа. Ама секако е неквалитет. Кинеско си е кинеско!
Дали има некаква можност да се вратат пари доколку веќе со денови нема информација за пакетот? Од 14 ми стои “Order Shipped”.
Од 14 до денес има 10 дена. Ќе почекаш и ќе ти стигне. Си имаш на нарачката рок до кога најдоцна треба да стигне. И мој совет, не правете ги сите глупости што ќе ги прочитате по фб, да не испадне после не сам знајала ако ве банираат.
Ќе почекам не ми е проблем тоа хахаха. Само прашав бидејќи ми ја поделија на 2 пакета едниот веќе е стигнат на аеродром а другиот само стои Order Shipped. Сепак ти благодарам.
Здраво дечки во еден пакет ми ја ставиле целата нарачка дали ке се царини според величината на пакетот или според вредноста на пакетот ? Се извинувам ако е глупаво прашањето
Кај мене имаше опција за албански и англиски и ништо не стиснав го оставив на англиски ,по неколку дена се појави на македонски само се измени ,види рефреширај ја апликацијата
Здраво,не знам дали знате дека на тему има опција за да ви вратат пари ако тоа што сте го купиле поефтини,а вие сте го платиле поскапо. Јас досега вратив околу 300 денари од две нарачки,стои во кредит за идни нарачки,не е лоша опција. Таа можност можете да ја искористите до 30 дена од кога сте нарачале. Можете да ја најдете кога кликнете на нарачката одма стои до тоа кај што се оставаат рецензии.
Пробав сега, само 2 денари... изгледа на толку разгледување сум успеала да најдам се најефтино што може
Не знаев дека трае подолго и дека има ваква опција. На почетокот кога купував видов дека сум погодила производи за кои би можела да добијам околу 100 денари назад...
Тоа со кликање рефунд многу е забавно додека не престанат да доставуваат кај нас па после сите ќе се сликаме. И со Али беше исто, ко почна нашава пошта да не носи редовно, се труби по вести дека они се криви, ама народов клика рефунд, па после си ги собира и пратките и парите. На крај ќе останеме со прстот у уста и ќе квичиме дека никој не доставува кај нас.