Две сосема различни работи. Не е моја вина што поштата зеза работа,не се испоштувал датумот за достава нормално е да се вратат пари, ама добро реално ок е да не се бара рефундација да се почека. А оваа опција што си ја ставиле тему сами они не сме ние криви ако ја корстиме. Не е некоја цака измислена од македонче, него тему си одлучиле за таа опција. И не ја корсти само мекедонче него цел свет што корсти тему
Не знаев дали да го искоментирам истото, зошто одма ќе рипнат дека секој денар значи. 100ден.ништо не значат една ситница на истата страна, ана ние мора да се правиме "паметни" дека знаеме како да го зезнеме системот. Еве и мене од Али ми е пробиен рокот па не ситничарам, гледам дека е во пошта и ќе дојде кад тад па не барам поврат. Рачунај во фб групана има 12000 членови ако од нив 10000 нон стоп бараат поврат нормално дека ќе не банираат како што не банираа од Етси и Пејпал, и тоа за 100-200 ден.
Македонија не е банирана од Етси, јас таму од нарачувам поквалитетни работи. Да, за мене 100 денари прават разлика. Страницата определува правила на игра, ги објавува и за да се регистрираш треба да се согласиш со напишаното. Штом Тиму сметаат дека може да се врати разликата во пари тогаш ќе си ги земам назад. Ако не ти се свиѓа што пишува во групата на Фб, не читај, едноставно е.
Сигурно некој од Еу не бара поврат на 1-2 евра, тоа се користи само од малограѓанштинава на балканов. Сакаме напред ама менталитетов не ни дава. И бевме банирани да не продаваме на етси и не не прифаќаа во платежниот систем, само напред користете си 100ден.од Тему додека не не банираат зошто 90÷ од нарачките ќе ги рефундирате. И според твојава логика ако не ти се свиѓа мојот комемтар не го читај.
Јас Етси ја користам со години и никогаш сум немала проблем во купување. Тебе не те банирале заради купување на Етси, туку заради продавање на срања што не ги исполнуват критериумите на купувачите кои си ги навела дека ќе им ги испорачаш. Почни да работиш квалитетно и ќе продаваш на Етси, продолжи да продаваш срања и ќе продаваш на Тиму и Али Експрес. Едноставно е, не си квалитетна во изработката и треба да си искрена кон себе дека се обидушаш да протнеш евтини срања и не ти поминува кај купувачите. Нема да ти ги читам глупостиве во иднина, те ставив на игнор.
Во право е. На Етси од Македонија не може да се продава затоа што немаме платежен систем кој ке го подржи тоа.Не можат да ни платат. Преку пејпал не може да се прима пари во Македонија . Инаку еуфоријава околу Тему не ја сфаќам. Алиекспрес во друго издање. Само побрза достава.
Баш спротивно. Во ЕУ си ги ценат парите што ги имаат, не се чаламат ко нас овде со пари што ги немаме во фазон ех што се 2€ - 3€. Тие цепидлачат за цент, не па за евро. Ич не е малограѓанштина - принцип е. И не, нема да не банираат Али. Ја банираа пошта, оправдано, и си најдоа алтернатива. Како што и треба. Нема зошто ни ние невиновни, ни тие исто, да трпат поради нечија неспособност.
Ама значи не е банирана од Етси... Јас реков дека можам да купувам, таа рече дека не можела да продава има разлика.
Јас ќе ти кажам баш од еу го прават тоа. Имам другарки кој живеат во еу зејми и се дружат со државјани на тие земји (со потекло од таму, родени) и кажуваат дека сите го прават тоа.
Нешто се мешаат поими во темава. На Тему има опција Price adjustment што овозможува поврат на разликата на цена на производ, ако истиот производот што сте го нарачале е со намалена цена во наредните 30 дена. Ова всушност важи само ако на целосно истиот оглас има намалена цена. Детално објаснето: Значи, price adjustment нема никаква врска со барање поврат на средства на веќе стигнати производи или производи што доцнат, ова ниту е оправдано ниту коректно. Првото си е сосема правилно, Тему си го вовеле како опција.
Ако си банирана на страницата на Етси ниту ќе купуваш ниту ќе продаваш. Банирани сме на Пејпал, таму не можеш да користиш со македонска адреса Етси можеш да ја користиш за купување. Еве, на овој линк може да видиш дека на Етси може да се продава од Македонија (ова најслучајно го најдов има и други): Eastern Macedonia Women's Ethnic Costume, Duracka Reka Women's Folk Costume - Etsy Macedonia
Хаха, многу дезинфорнации, кога немаш аргумент мутирај, вреѓај и лажно клевети. Јас и сите што сме продавале на Етси до пред 3 години добивме можност сеуште да ни биде активна продавницата со Пајонир, продавам POD и даунлоуди иначе. Од пред 3 год.не се прифаќа метод за плаќање од Етси за Македонија. Не прифаќаат МК акаунти ни од МБА ни од Амазон селер, Пејпал нема ни да дојде баш ради тоа што не имаат мапирано како вакви, во секој случај бараме нешто да се "снајдеме" па ако сме во Европа сите не ставаат во ранг со Бангладеш и Мароко. Али Тему давал опција, па кога 90÷ ќе повратат ете и од таму ќе не исклучат.
Дали некој има нарачно прскалка за масло? Ме интересира дали се распрскува маслото како спреј, како на сликата, или е само млаз. Две различни имам купено од кај нас, не се како спреј воопшто. А 460 денари е ова на сликава, па не ми се даваат пари ако стигне крш. Во рецензии едни викаат добро прска, едни викаат не. Никој нема прикачено видео со масло, само со вода..
Етси пејмент не дозволува регистрација од МК, тоа е за прифаќање пари, за купување можеш да купуваш. Ти пишав имам Етси продавница пд пред 5 год.и не сум банирана, нема опција за нови продавници од МК не банираа пред 2 години.
Дај не се расправајте за глупости. На етси да се регистрираш како активен продавач од Македонија е невозможно. Знам оти пробував и тоа многу време. Не е возможно парите да ги примиш никако, ако си граѓанин на Македонија. А без да ставиш метода за примање пари, не можеш да продаваш. Овие што продаваат од Македонија примаат пари на странски сметки.
Најгласни во нашево општество по дифолт се најнеинтелегентните, ти просто не можеш да разбереш иако и други се обидуваат да ти објаснат. Еве ако мене не ме сваќаш прочитај го коментарот на стејкалм.