новите ‘глупости ‘ од тему справа за чистење накит,наочари,ситни пари фарба со ваљак за прекиравање флеки на ѕид
Фарбава како функционира, дополнуваш боја и поминуваш на местото? Ја проба? Ова е совршен изум, ако функционира добро.
Вака направив нарачка ми ја поделија на 3 дела. За двата дела кодот за следење е ок, ама за едниот кога влагам на елс кодот ерор ми го дава. Зошто така?
Нарачавме од Тему со маж ми ни стигнаа за 10 дена. Не знам дали кај мене само, ама истиве парчиња сега ги гледам 3 пати поскапи, дури и работи што ги имам ставено во кошничка за да си ги порачам некад.. кај мене е само така?
Пишував претходно за тоа. Првите 2-3 дена имаше екстра ниски цени, додека да почнат. После тоа... Хаос. Не гледам дека е нешто уау евтино, како што го прават дека е. Пример, јас купив еден производ за некои 300 денари, а сега истиот е 600-700-800. И тоа е само едно што ми текнува, сите други се поскапени.
Е па, ти викам, одма после 2-3 денови се сменија цените. Еве сега се сетив и за една тетратка, првите денови беше некои 300 денари, сега е 521.
Нарачав ирвас, 200 денари беше, сега е 700.. мислам не реално. А сакав за нова година да си изнарачам некои декорации, ама сеа тешко.
Можеби просто звучи мене ме стра да ставам картичка и податоци, на Заландо имам ставано картичка, не знам за ова некако ме стра. Или да си отворам посебна сметка и да ставам нешто пари.
Дечкии искуства со els i ecsc?Мене пратката ми е со ecsc па имам слушнато многу негативни искуства,некој да ми сподели лично искуство?
Чекајте малку другари стоп! Нели еcsc е меѓународна и они ги доставуваат до нашата држава а кога влагаат во Мк ги презема пак елс? Или грешка сум? Пошто ја исто нарачувам во Србија и ЦГ исто ми пишува преку ecsc ама кога влагаат во државата поминуваат царина и ги презема локална курирска служба