Ќе и ја достават иако е од село, ама ќе си почека мааааалку повеќе. Одат еднаш неделно обично во селата, некогаш и поретко, зависи во која област е.
И јас го порачав овој одвај чекам да стигне. Преубав е Да прашам јас нешто ако има некој кој е повеќе информиран. Зошто кај нас во мк нема ништо поскапо на апликацијата од некои си 1300 денари? Мислам дека само кај нас во мк е тоа, гледам видеа од други земји како порачуваат поскапи работи што нас не ни се достапни
Како на пример кои производи? Ја приметив дека за исти производ од ист продавач се различни цени во различни држави
Воопшто ги нема тие производи кај нас. Гледав на видеа пример плетена корпа за пикник внатре со ремени за да можеш да прицврстиш тањири на капакот и со ја пребарав апп ја нема кај нас, имаше во Србија некаде мини преносен принтер да вадиш слики од тел ги вади како оние од инста кам го нема кај нас затоа што беше некаде 80€ беше наведена цената во видеото. Затоа прашувам дали некој знае зошто кај нас има само производи кои што чинат до мах 1300 ден
Или сме на тест период, да видат дали сме преваранти хаха, па да одлучат дали да ни пуштат достапни поскапи работи.
Тоа е што е. На насловната горе имаш нели банер, демек таму коа ќе кликнеш-имаш производи на попуст. А нема врска. Јас прашав во контакт-центарот, тоа е што е, нема да има нешто дополнително. Инаку, да-нема електроника уште кај нас. Освен масажери некои. Пример нема лаптопи, таблети, мобилни... Не знам зошто.
Ја разгледав апликацијава кај една другарка и цените им се преефтини. Ме интересира за колку време стигнуваат производите откако ќе се нарачаат?
Јас направив нарачка на 8ми ноември , ми стигна на 23ти ноември т.е најрано од датумите предвидени од Тиму ( на апликацијата ми пишуваше од 22 ноември до 13 декември ) . Зборувам за во магацинот на ЕЛС . До дома ми ја доставија во вторникот на 26ти ноември . А пратката како пратка во Мк беше на 20ти ноември . Едит : Пробав дел од производите и на работа колешките забележаа промена во изгледот на косата по само една употреба . Како ми стои , не се залудно фрлени пари . Следна нарачка веќе спремам во корпа .
Зависи. Сега треба да помине на царина, па после го предаваат на курир оди во магацин во ск па ги распоредуваат по градови. Трае неколку дена, обично 4-5 дена, а може и недела да помине.
После колку дена ви стигнаа пратките откако се поминати на царина? Веќе 4 дена ми стои на ЕЛС статус: Се подготвува, јавено на курир за прием и толку.
Спојлер: Тиму производи Во ова има хијалуронска киселина како што читав и е корејски производ . Овие двете иако изгледаат скоро идентично , се разликуваат во состојките . Едното на пример има масло од Јојоба , другото нема . Плус масажерот во позадина и сет кој доаѓа со него ( пумпица , шишенце за hair infusion и четка за чешлање )
Но, ова само ако телефонот е во близина така? Он нема да носи телефон на школо,затоа ми требаше ваков часовник. Фала ти ќе разгледам што како има .
Направив нарачка втор пат ама не ми ги подели во два пакети туку за два производи пишуваше “Remove these items to continue”, океј платив за тоа и после тие два производи си седеа на картичка па уште еднаш платив за тие две и сега се како посебни ама не знам зошто така ми ги тргна. Случено е ова на некој?