Затоа што на некои производи пишува со кредит толку и толку и не дава да ги порачаш со други, а не знам ни јас шо е финтата. Само открив дека така пишува и ги тргам настрана па ги порачувам само нив после. Пишува уште ко ќе отвориш на производот долу со ситни мислам портокалови букви ама не е нешто баш забележливо од прва
Сега прв пат нарачав некои работи, ставив во кошничка се, и отпосле откако сменив адреса и ставаив држава македонија ми се зголеми сумата што треба да ја платам за 900 ден отприлика. За кај нас поскапи се работиве?
Кај некој направиле исто вака со неажурирање? Сеуште си стои дека е на пат до нивниот аеродром од 25 ноември.
И јас чекам од 25.11. На три ми ја поделија едната пишува дека е стасана на аеродром кај нас а другите две уште се shipped и се немаат помрднато од 26ти..
Од 27ми е кај нас. Пишува јавено на курир за достава, и толку. Нема никаква измена од тогаш. Овие елс им се направи малку гужва сега, и бетер од пошта ќе се направат.
За две-три недели стигнуваат... Овие и Али експрес стигнуваат на време кај нас, проблем е што после нашиве од Пошта а сега гледам и Еко логистик доцнат со испорака.