Нарачката ми е поделена на три дела. Само еден дел што е со код ecsc ноќеска ми пишале дека е испратен преку аеродромот. А другите два дела со код els уште пишува во транзит до магацин. Не се мрднати така од 25.11. Некој со слично искуство. Кога ќе има промена кај тие два дела ?
@Erika.greeneyes Ecsc е нивна пошта / карго. Тие што ти се со els се веќе во Македонија. Ама кога ќе ги достават не се знае. Поправете ме ако грешам
Сега приметив за првата нарачка минимално ми беше 900 ден ,а сега сакав пак да нарачам гледам на 600 ден минимална ми ја направиле
мене ми ја поделија во два дела едниот дел т.е на 2.12 е на царина а другиот 3.12 дека замина од аеродром
Гледам некои погоре пишале, ама дека нема конктетен одговор. На 26.11, а на другата на 29.11 пишува јавено на курир и толку си стои така отприлика за колку дена се превзема некој дали има приметено?
Сеа баш им се јавив демек уште на царина биле не било до нив кога ќе ги пуштеле од таму стигало порака дека се во магацин.. Ако не ја заебат нашите нема кој
А како треба да пишува за да знаеме дека се стигнати кај нив во магацин. Пошто планирам да си ја земам сама да не чекам на нив да ми ја испорачаат.
Вчера ми стигна порака на телефон дека во Елс имам пратка. Нели и до дома ја носат? Еве втор ден, ни трага ни глас од нив дека ќе ја достават. Да не треба јас да си ги земам од Карго директно? Инаку порачано на 16.11 што е релативно брзо пристигнување.
Да, доставуваат до адреса. Имаат многу пратки ЕЛС, ама буквално премногу, не можат да стигнат и затоа често се случува да доцнат со достава...
Првата нарачка од 29.10 ја добив на 18.11, втората од 17.11 ја добив денес, 5.12. Порака не сум добивала, кога на тракинг ќе дојде до курир, ми звонеле за достава. Дури и на крај на рокот што го даваат да стига не ми е проблем, само да не каснат, ама за сега сум задоволна. После чекање 6мес за последните пратки од алиекспрес, 3 недели до достава не се ништо.
Денес првото пакетче - добиено. Двете истовремено стигнаа во карго према апликацијата ама само една денес ми доставија. Нема врска. Како можам да обележам дела цело пакетче е добиено? Или нема врска, ко ќе донесат и второто ќе оди автоматски во delivered? Генерално задоволна сум од производите, и бројчињата на алиштата сум погодила шо е супер.