Silver thread. Не можам да те цитирам (членката/членот пред мене), ама... Не е поевтино, тука некаде се цените. Разликата е во тоа што сѐ е со бесплатна достава, особено патики, алишта и поголеми предмети. На Али за такви нешта се плаќа достава, и тоа огромна. Баш кај тие нешта приметив, и кај тетратките... Имам неколку нешта кои со години ги меркам а не сум ги купил баш поради високата достава. Сега е полесно.
Има, скролни, малку подолу се. Ама нема баш толку како на Али, да. Јас два дена вртам по апликацијата. Сфатив дека нема толку производи колку што има на Али. На Али си имам листа на желби и проверував за да споредам-80 проценти од производите не ги пронајдов на Temu. Како и да е, фино ми е тоа што го реков претходно: не се плаќа достава за облека, обувки и покрупни предмети/апарати и слично. Исто, баш ќе видам за колку време ќе ми стигнат производите што ги нарачав. А многу ми е кул тоа што сѐ заедно ќе ми стигне.
Ако се стига во еден пакет, дали тоа значи ако имаш роба над 45 еур ќе платиш царина и ддв? Мене кај али тоа ми се свиѓаше, сите беа различни пратки 5 еур, 10 еур, не ни стигаш до минималниот износ кој се царини и оданочува. Не знам како би одело преку елс доставата, ама ова ако влезе во пошта и на царина.. едвај чекаат да направат декларација... Спојлер Паталец што најмалку 5 пати преплатил нарачки со царина и ддв
Ке си направиш повеќе нарачки до 45 т.е да ти бидат во посебни пратки. Јас нарачувам за во еден пакет до 30€ за секој случај. Ама ко што имам прочитано низ интернетов и самиот тему ги делел пратките на пола ваљда од таа причина да се избегне царина ама тоа не знам дали е стварно така.
Јас направив нарачка вчера над 2000 денари беше и сега ми стигна меил дека е поделена нарачката во 2 пакета, најверојатно да не се царини. Во едниот пакет ставиле 9 производи, а во другиот 5. Ова ТЕМУ во банкрот ке ме однесе. Денес веке имам спремено нова нарачка.
Јас имав нарачка од околу 2000 денари, па и таа ми ја поделија. Ми стигна маил сега дека пола работи се пратени веќе, останатиот дел дополнително.
И јас направив нарачка од 900 ден. Минимален износ за нарачка 600ден. Е ако стигнат брзо али во заборав иде.
Јас кога порачував за Малта , над 100€ беше бесплатна достава а над 176€ ми беа искалкулирани и некои 20€ плус најверојатно за царина. За овде не знам како е, тие што имаат нарачано нека не известуваат А инаку да Тему ги дели обично производите за да нема царина
Фала ти @theunforgiven. Чекам апдејт кога ќе ви стигнат. Син ми има список со глупости. Еве кај ќе го тепаме времето зимава
А баш од Али немав нарачувано од лани есента баш оти пратките ми стигнаа во март дури. Сега гледам оправиле доставата, па и од Али и од Тему..