Ми се јавија следниот ден. Го прашав курирот зошто пишуваше испорачано рече некој по грешка кликнал а он си земал пратки во комбе за да ги разнесе и во недела и во понеделникот што беше неработен пошто многу му се собрале.
Јас искрено не можам да се снајдам, доколку знаеш и имаш поднесено барање за враќање на пари те молам ако може подетално да ми објасниш. Стигнав до тука, ми бара број за следење на враќањето, каков број е овој и кој број треба да го пишам?
Еден топер за торта ми стигна скршен и сакав да побарам рефунд. Одма под нарачката имаш копче return/refund. Те носи на страна кај што пополнуваш причина за враќање, и најгоре пишуваше дека првото враќање на секој корисник е без физичко враќање на производот, автоматски ќе ти вратат пари. Дека топеров беше 54ден, не побарав пари назад, во случај нешто поскапо да нарачам во иднина, да ми остане опцијава.
Сум заборавила да ја прикачам сликата. До тука стигнав. Инаку некаде прочитав дека ако производот е до 500 ден. не го враќаш, си го задржуваш, а пари ти враќаат, а моиве производи се поскапи. Можеби затоа кај тебе така пишувало, кај мене немаше такво нешто.
Здраво Дали може да ми објасни некој на кој начин се порачува од ТЕMU. Преку апликација или на сајтот, како се логирате, плаќање....
Овој пат многу брзо ми стигна нарачката, во рок од 2 недели од порачка до достава, е сега две нарачки ми ги поделија на 4, а денес само едната ја подигнав, другите ми се заглавени наајвероватно кај доставувачи, ама пак 2 недели е супер период.
Дали само мене ме ми стигнува брзо ? Поминаа 16 дена уште ми нема стигнато. Веќе 4 дена ми пишува дека е во магацин во Скопје
Имам прашање. Кога сум го креирала профилот сум ставила некој рандом број што не постои. Е сега заборавив да го сменам, т.е. сега видов дека тој број стои, а веќе имам направено нарачка. Нема да можат да ме добијат од карго нели, не е постоечки бројот и прашањето ми е дали ќе ми прават некој проблем при подигање на нарачката?
За да ти ја дадат нарачката, праќаат порака на бројот со код што треба да го кажеш на курирот. Да се јавиш во ЕЛС дали имаш опција со лична карта да докажеш дека си ти (ако си со исти податоци на тему регистрирана), иначе без телефон нема да ти ја дадат.
Да исти податоци имам, само не знам како сум го испуштила бројот. Им пишав, ќе чекам повратен одговор. Фала ти.
Ај пиши ми во приватно серискиот бр (тракинг бројот) дека ја работам во елс па мислам ќе можам да направам промена на тел број
@butterfly6223 немој ни да си помислила да му дадеш некому тракинг број или информации од твоја порачка, таму има твои лични податоци. Какви глупи финти...