Да, може да е различно од случај до случај. Кај мене на Тему стоеше дека е на царина 5 дена, а на Елс на страната стоеше дека е кај нив. Ми ја донесоа а на Тему уште си стоеше на царина.
И мене така со последната пратка. На Тему апликацијата ми стоеше дека е на царина а пратката јас си ја зедов веќе
Добра тактика ова. Не апдејтираат статус од ЕЛС за да не им се качуваме на глава зошто не ја доставуваат
Јас моите пратки лично си ги земав. Ако чекав на нив којзнае кога ќе стигнеа. За некои ми се јавија, некои сама си ги барав. Малку се катастрофа, некако неспремни ептен ама требало да бараат уште вработени, или па кога видоа дека купишта имаат сега нека бараат.
Кај нас во град ми се јави да појдам да си ја земам, ај реков да бидам коректен и добар им реков имам уште две пратки да ми стигнат му реков само јави ми кој ден да дојдам, јас ќе си ја земам. И тој само ми се насмевна и ми рече да да, секако дека ти треба да дојдиш, во смисла.. сами да си ги земаме од база, а не врша достава.
Јас сум од помал град, мислам дека ќе ми ја донесеа ама секако со задоцнување. Не ми се чекаше и ја подигнав. За следните пратки исто одев ама успат мм и сам си ја барал во купот пратки, не можеле да се снајдат
Нарачувал ли некој од тука стаклени чаши? Добри ли стигаат? Се трудат ли да ги запакуваат убаво, да не се скршат?
Јас нарачав една за проба. Чашата стигна читава цела.Беше спакувана во тврд стиропор убаво залепена па во кутија плус ставена и залепена.
И јас исто како членката над мене...порачав една од тие како за кафе со стаклена цефка, дојде во стиропор па во кутија, се беше океј
На temu ми пишува дека веќе ми е во магацин во els нарачката. Е сега имам прашање од прилика колку би чекала да ми ја достават или може и сама да одам да ја земам? Исто може ли да се следи преку страната на els? Кога го внесувам кодот ми дава дека е невалиден..
Кога ќе ги видам на Тему оние сетови долен веш за 300ден, а истите по онлајн страниците за неверојатни 1500,2000… Колку не репнуваат
Изглеа мене ми здосади ова нешто. На почеток мислев дека, готово, ќе се заразам, по цели ноќи скролав. Веќе одамна не. Дури и имам кредит на профилот, комотно можам да си направам нарачка, ама нишо не ми треба, реално.
Исто исто. Ставам во корпа и кога треба да нарачам се си викам ова не ми треба,ова не ми треба и така се вадам од корпа. Дури и со денови заборам да ја отворам апликацијата. На маил ми стига приметивме дека сте отсутни
Приметив дека не дава препораки за нови производи, само истото се врти. 2-3 пребарувања за нешто ново да направам, и ми се менува пола homepage за предлози. На али на пример ако вртам цело време искача нешто што не сум знаела ни дека постои, а реално би го купила. И сега почнав на али да листам, па кога ќе видам нешто интересно го пребарувам на тему. 5 нарачки имам до сега и уште 19 работи во кошничка, не ми личи дека ќе изгубам интерес набрзо...
Мене искрено предосадни ми станаа со спам-пораките на email. Честитки, специјална понуда, сакаме да ви се заблагодариме за ова, за она... Де бре! 3 за 600 нешо тој стил (како не!)-УДАВ!