За жал, тоа веќе стана пракса на сите карго компании. Воопшто, ни минута, не чекаат. Уште еднаш прават обид за достава и после мислам ја враќаат, ако не се лажам.
Нарачано на 16.12 ми стигна еве денес. Значи после 1 месец отприлика. Изгледа премногу нарачки има...
Две посебни нарачки имавме, направени на размак од 1-2 недели. За првата така ни се јавија, но отишол на погрешна адреса на некои две улици подолу. Го замоливме да ја донесе до нашата адреса, зошто блиску беше, да не чекаме. Рече дека за нашата адреса и реон е друг колега задолжен и дека ќе ни ја донесе тој. Ама не се јави колегата негов. На крај сами си ја подигнавме од Еко логистик. Маж ми рече дека кога бил да ја земе имало нарачки со лопата да ги ринеш. А втората нарачка стигна за две недели од порачката на точната адреса. По тоа гледам дека околу 2 недели им треба да стигнат во мк, а доцнењето е организацијата на испораките во нашава земја.
Ја направив сега првата нарачка . Ајде со среќа да ми е . Дали можам да подигнам пратки од директно на пошта ?
Да, чудни се. Еве денес ми ја доставија нарачката, дојде автомобил без ознаки дека е од ЕЛС, две девојки беа. Нормално повторно ми се јавија откако веќе беа стигнати пред зграда ама среќа денес сум дома.
Го читав ова и јас. Истражувале и за Shein, не знам дали сте во тек? Како кинеска роба тоа и не ме изненадува. Одсекогаш било проблем тоа со ефтината роба од Азија, едно време предупредуваа да бараме ознаки за стандарди на пластичните производи, особено на играчките за деца. Зошто за тие малку пари што ние ги даваме сигурно не се работи по стандарди и пропис таму кај што ги прават. Така да од старт избегнувам да купувам а и ако купувам кинеска ефтина роба, свесна сум за што можам а за што не би било паметно да ја користам. Мене повеќе ме плаши она што проаѓа као демек проверено, брендирано и потврдено за квалитет и достапно во нашите секојдневни маркети (не секогаш најефтино дури). Меѓутоа се најде некој да тестира од продуктите од Тему и сл. сајтови, а кој ги тестира продуктите кои се со ист квалитет а се купуваат по пазари, дуќанчиња па и продавници за кинеска роба? Или еве нека не се од тезгите, нека се од продавници за таква роба. Се прашувам дали и ефтините производи од Енте и Базаро или Евроазија и сл. продавници некој ги тестира за токсични материи? Секогаш сум со доза на резерва за вакви вести - во смисла не дека се сомневам во резултатите туку зошто само кај дел од стоките се прават проверки? Да не се лажеме, многу пати беа во производи на светски познат бренд најдени токсични материи, направени со сомнителни суровини и со докази за злоупотреба на трудот на работниците. Познати модни куќи, најголемите производители на прехрамбени продукти, козметички и фармацевтски компании итн. На пр. Зара, Манго, Келвин Клајн, Нестле, Џонсон и Џонсон, Бајер.. да не набројувам и други. Ама за тоа некако не читаме често. А нив ги купуваме, ги користиме, па кога ќе се објави нешто дека е најдено се преиспитуваме дали сме конзумирале таков производ скоро? А во колку случаи не сме дознале? Прошо воз...
Се надевам дека ќе дојде поскоро. Ако не ве најдат може и да се подигне. Ние од еко логистик ја подигнавме со бројот на нарачката. Не знам за пошта, ваљда би можело.
Дали некој има порачано ring light од тему? Сакам да купам ама доколку некој веќе купил да сподели линк
Дали поточен ви се покажал тракингот на тему или на елс? На тему има 20 ставки, само кај курири и во магацини веќе 2 недели. А на страната на елс има само дека е стигнато во магацин на 04.01, и тоа на ден кога на тему нема никакво движење (има пред и по таа дата, ама баш на тој ден нема ништо), и после тоа нема ништо. Не ми е нешто посебно итно, има време до рокот, ама не ми е јасно зошто различно покажува.
ELS многу пати ако се заглавени со пратки ангажираат дополнително луѓе кои ќе разнесуваат, ( не се вработени во каргото) и со нивна кола. Мој познаник така многу пати вози.
Отварам на тема да разгледам, отворив обетки да ги видам, гледам доле Карго експрес. Ги смениле ЕЛС изгледа
Taa e da, a kaj nas vo MK, so ELS sorabotuvaat. prv paket od temu mi stigna preku ESCS i ELS kaj nas. na temu gleam sega deka i kargo ekspres gi imaat kako dostavuvaci vo MK. Bas fino toa sto pisi vo delot kaj delivery, koja e kompanijata, primer: Courier company: Kargo Express CargoExpress ...
На тему ми стои дека поминале царина, а сабајле ми стигна во 9 и пол порака во 12 ми ја донесоа од Еко Логистик дома. И претходните 2 пратки на тему имаа без врска статус на елс таман.
Пратка нарачана на 30.12 денеска ми стигна во Македоска пошта и од шалтер ја подигнав. Го испочитуваа рокот.