Да можеш и преку тракинг бројче и на самата страна/апликација во делот испратени да си провериш до каде е
Јас нарачав денес. Ми се допаѓа тоа што сите порачани производи ги испраќаат во еден пакет и што има опција од кога ќе ја завршиш нарачката да си додадиш плус некој производ во истата за да не мора пак да фаќаш минимален износ од 600 ден. Само си ограничен временски, неколку часа може да се додава.
Пишаа членки поназад дека нарачале. Пуштено е за МК пред некој ден така да останува да видиме дали и кога ќе стигне
Ја само не можам да ги сфатам оние што коментираат дека се задоволни од производите. Мислам... Кина. АлиЕкспрес е исто. Буквално никаква разлика нема. Не знам што ви се чини дека е ова? Истата роба е скроз, нема никаква логика од истиот производ да сте задоволни, а од другиот да не сте, ако се купени од две различни места.
Скроз. “Абе да ти кажам Лиле, од задоволна, презадоволна! Шуќур и кај нас нешто светско, а евтино! Преквалитетни производи, се гледа рачно изработени, да ти е мерак да си ги користиш… абе пери-носи! Сѐ навреме си стигна, за 2-3 недели, а не од Али со месеци ги чекаш и пак ѓубре ќе дојди”
Па ако ги праќаат заедно производите и стига побрзо секако дека е подобро, дури да се истите ко на Али Експрес. Поарно нека ми стигнат сите што сум ги порачала наеднаш, отколку едната пратка за 2 недели другата по 5 месеци ко што прават на Али. И јас пуштив нарачки за 930 денари сега, си порачав џиџи миџи за в кола, да видиме како ќе стаса.
Ја па не можам да сфатам како алиекспрес за некои е толку чкарт... се шо сум порачала стигнало добро... сеа нормално не може за очекувам за 30 денари преквалитетно нешто ама пример играчка кактус шо игра и збори од таму поквалитетен ми стигна отколку тој од тука шо го земавме... Тему немам порачано да земам плата ќе го пробам
Исто е. Облека која ја има на Shien, ја има и на Temu. Така да, исто е се. Мене лично од Temu ми се погодени повеќе работите.
И јас вчера се зачленив во една, пишува дека е официјална, кажуваат дека ќе споделуваат и кодови. Еве линк за тие што сакаат да ѕирнат: https://www.facebook.com/share/g/1566YAdUaP/
Ke sak li nekoj sto poracuval da kaze vo vrska zi narackits kokku se plakj postarina na kij nacin se plakja si karticka ili pri dostava
Само да те потсетам дека тука продавниците 80% се Али и сл на нив. Само шт ќе го платиш дупло па и тродупло.
Не значи дека ако е Кинеско автоматски е лошо на ваквии страни најбитно е да знаеш како да пребаруваш и што да купиш, да гледаш рецензии со слики да одбираш по квалитетни производи. Јас си нарачав кожни каиши, наочари за сонце, ленти за избелување на заби (исти како што продаваат тука онлајн за 3 илјади денари) и некој ситници за во ташна огледалце чешле. За таквии работи што овде би ги преплатила ми е топ ☺️
Скоро па исти производи имаат и temu i shein па и ali exspres.Имам порачувано од првите две одлични производи за малку пари,истите ги има кај нас по продавници со дупла па и тродупла цена.Битно што се брзи со испорака ,а не да заборавиш што си нарачал.