Уште не е пратено, се задржало повеќе од очекувано, ама пак би требало до краен рок да стигне. Ако закасни повеќе од тоа ќе добиеш кредит за следна нарачка.
Мене сега ми текна дека избрав 1000 поштенски код за Скопје (Скопје 2 ми се чини пишуваше). Не се сеќавам зошто, ама мислам дека ја немаше мојата населба да ја одберам. На странава за искуства од Тему прочитав дека уствари Скопје 2 било веројатно Пошта 2. Дали тоа значи дека нарачките нема да ми стигнат на адреса, туку ќе треба да ги подигнувам од пошта?
И кај мене така пишуваше, па пратките досега преку ЕЛС ми стинаа. По тракинг кодот ќе се ориентираш, по него се гледа која од поштиве ќе ги преземе.
Јас да прашам дали треба нарачката да ти биде најмалку 600ден за да ја пратат или за што се однесува тоа, така пишува кога сакав да нарачам нешто но е помалку од 600ден.
Да, најмалку 600. Максимум е 1200 мислам. Кај некои минималната сума е повисока, 900 ден. Кај мене е уште 600.
Ви се случило нарачка пред два дена направена сеуште да не е пратена? Прв пат вака долго се случува ...
Елс почнаа ептен да каснат со пратките. Од петокот е стигната пратката, ја шетаат од една база во друга, од вчера е предадена на курир за достава, а од него ни трага, ни глас. Им ѕвонам на телефон, не креваат. Нарачката е направена 17ти Декември. И овие како Пошта ќе се направат.
Мене и на татко ми денеска (недела) ни стигнаа пратките. Ги имав нарачено на 23 декември и ми беа поделени во 4 пратки но денеска ми стигнаа сите наеднаш. Презадоволна сум од сите, се е како на нивните слики. Прикачувам слики, чисто да споделам искуство за овие производи
Да, за мед е Истата во Zara home ја видов, 1200 беше. Јас сум презадоволна како изгледа, убаво се затвара, стаклото е убаво, бојата на капачето е исто како на слика. Еве линк https://www.temu.com/goods.html?_bg..._1737364251362_arp9vbbv6u&refer_page_sn=10045
Da.. Gledam po grupata na fb ima ubavi recenzii so kupile ljugeto ubavi patiki,jakni,cizmi,bluzi,nakit..itn
дали сте нарачувале т.е. дали има мали апарати за инстант вадење слики, ама да е малку подебела хартијата?