незнам дали сте забележиле ама откако ќе ја напрвите нарачката има можност за корекција која мислам дека трае 7ч., но се постои и опција веднаш да ја затворите и да кликнете на опцијата Забрзај испорака. Така мојата прва нарачка ја направив на 26дек и пристигна на 13 јан, највеќе се задржа на царина. Но, пристигна во најкус можен рок од наведениот период. Ја сум задоволна од испораката.
Ако мислиш на корекција на цени, можеш да правиш месец дена откако ти е пуштена нарачката, дури и откако ќе ти стигне. А тоа забрзај постапка мене никад ми немало некој ефект. Ситр пратки ми стигале во период мегу 2 и 3 недели
Малку неповрзано ќе се вмешам. Зошто има лимит од 1200 по нарачка? Дали тоа значи дека во една нарачка, не можи да има еден производ над таа сума?
Мислам дека е поради царинењето, да се избегнат дополнителни трошоци. Царина, ДДВ и слично. Во Србија, пример, мислам дека немаат таков лимит. Во други земји, на TEMU се продава и електроника. Тука не, зашто сето тоа е поскапо од 1200 денари и, автоматски, не може да се продава.
Не знам зошто, ваљда царинење. И да, поскапите производи шо ги имаше на почеток пред да има лимит, ги нема поќе. Најскапо шо ќе најдиш е 1200 и нешто. Ништо над 1300 нема да најдиш.
Скроз се исти, и тој од нама е со усб кабел.работи на струја со адаптер од телефон го вклучивме.Му залепивме и стикери со ноти кои ги нарачав исто од тему и син ми е ептен задоволен, свири по цел ден. За вториот бидејки никој не ми одговори за можност за враќање ке го чувам за некој роденден здравје имам куп мали деца околу мене.
Каде се наоѓа магацинот на ЕЛС? Сакам да ја подигнам пратката од Тему гледам стигнала али скептична сум кога ќе ми се јават..
Имате некоја пратка од Карго Експрес добиено? На бројот што е даден за следење ми вади дека таква пратка не постои..
Денес е сменето во ЕЛС во делот за достава. До вчера пишуваше Карго Експрес ама веројатно немаат уште почнато да работат со пратки од Тему.
Не сакам да полемизирам, но ние нашиот го купивме од нама и доаѓа со АДАПТЕР ЗА СТРУЈА види слика. На ова ставам акцент бидејќи имаше други ситисајзери само со УСБ кабел и беа многу поефтини, а адаптер за струја ако ти треба да купиш еве на пример во анхоч има за 500 ден. Значи заклучок, НЕ СЕ ИСТИ!
Епа си го доплатила адаптерот во нама во разлика со цена, синтисајзерот е потполно ист, еве јас со обичен адаптер од телефон го користам без да го купувам дополнително ги споредував до детал дури и кутијата е иста освен усб кабелчето нема друга разлика. Стигна за 10 дена, може на некоја мајка ке и значи таа разлика во цена нема зошто да ја фаворизираш нама.
Прејаки се вака коа ќе дојдат да си ги фалат нивните продукти. Па со капс морало да се потенцира дека не бил ист. Нивниот можеби е некој јак бренд којзнае што функции некои напредни има
Играчка е. Нема детето да свири 12 години на него. Колку сакаш плати го, голема е веројатноста дека до следната година повеќе ќе биде заинтересирано за нешто друго, така да ако го има поефтино некаде и јас лично би го купила поефтиното. Особено ако разликата е во нешто што веќе го имам дома и немам потреба да го купам пак.