Dali ako naracas poveke parcinja site stignuvaat naednas t.e.posle nekolku nedeli ili oddelno ,del prvo posle dr del? A ostatok zagalven ?////
Мене вчера ми стигна меил дека е out for delivery преку iMile, денес ми ја доставија од Карго Експрес. Имаат магацин/канцеларија на повеќе локации. Обично нарачките стигнуваат во најблиската до адресата на достава. Еве линк со сите адреси: https://els-post.mk/локации-на-хабови/
Дали некоја од вас има лимит на нарачување? Една нарачка можам до 1252 денари да порачам.. Дали можам да го сменам тоа?
Ставив продукт во cart пред некој ден да си го чувам да го нарачам кога ќе земам плата и вчера ми стигна дека снемало од тој број. Го ископирав дискрипшнот, одвај го најдов истиот продукт од друг селер, за неколку саати пак приметив дека снемало број. Вака кога снемува бројчиња, ако/дали сте чекале за restock, за отприлика колку време им стигаат пак?
ECSC, од кој доставувач да очекувам? до сега не ми доцнела пратката. Ми стои Скопје-Југ, после Кружно скопје и веќе неколку дена стои Скопје-Ново Лисиче.
Ми се јавија од карго експрес за пратка и бидејќи живеам по споредна уличка и на повисоко место типот ми рече дека неможел да се качува нагоре пошо бил со големо комбе . Ми рече да се симнам до главна улица а бидејќи сум со бебе не сум во можност. Ми посака секое добро Со елс го немав овој проблем и секогаш ми ги носеле до врата . Што може да се деси во овој случај ?
Јави се на телефон и пожали се во Карго Експрес и објасни им што се случило. Должни се до адреса да достават. Таков се погодил човекот, не сакал да се замара. Јас кога бев со мало бебе дома, на два пати имаат влезено во зграда, со лифт, до врата ми имаат донесено. Ова од ИН пошта, а и од Карго Експрес доставувачот што е на мој реон е многу љубезен, во фризерница има дојдено да ми достави пратка. И тоа без јас да побарам и на нив им е полесно да завршат работа, отколку да се враќаат пак уште еднаш-два пати. Едит: отпосле видов во која тема сум отворила, дека е за Тему нарачка Сепак, јави се во Карго и види дали можеш да договориш да ти донесат до врата. Друга опција ти е да подигнеш од база кога ќе можеш или да пратиш некој друг.
Дали може од магацин во населба да одам да подигнам пратка од ЕЛС? Од крајот на ноември стои дека е кај нив во магацин, не знам што да правам со нарачкава, ниту ми се јавиле, ниту добив некаков одговор од нив на mail за пратката. Крајно неодговорни.
Не тресете зелени двете.Не ви е должен да ви го донесе "дирекно" до врата ако нема услови за испорака.Седнете,возете со Ц категорија комбе кој носи тежина роба товар и возете сами на угорница.Затоа и законски има колку тежина смее да помине низ одредени улици зошто е небезбедно и казниво со закон.Од друга страна можело да се одложи,друг да ви ја зеде пратката или лично да појдете таму. Не ни се слуги па да се качат на Водно до Крст за да ни достават пица нарачка.Принцези
Елс имаат мали количиња па може и можеле да се качат на угорница ако се работи за комбе секако дека нема да може. А и не мора до врата да ги носат, соработувајте малку, и мојата зграда ако не ја најдат јас одам до соседните каде што застанале. И тоа 2 пати застанаа кај градинката во близина и одам си ги зимам, не правам проблем. Прво Елс "не чинеа", вриштеа по Фб групана и ги тужакаа по Тему, пишуваа приговори така да сега ова се последиците, еве и други карга кои пак не чинат. Дајте не комплицирајте, ќе ни го укунат Тему на нас некомплицираните. Ако не ви одговара не порачувајте.