Извини, поентата на поштенска услуга и карго е да ти го носат до дома. Зошто воопшто би имало онлајн нарачки ако не ти го носат нарачаното до дома, без разлика дали е од локална фирма или од странство?
А кој рече дека барам пица достава до крст на Водно ? Во моево населено место се се угорници па извини кој го тера со толкава тежина да движи ? И по мојава уличка и товарни камиони се качуваат секојдневно ама дечкото со големото комбе неможел да се качи . А вие може да одите и до друга населба за да подигнете пратка , оставете не нас принцезите да уживаме во оваа "ВИП услуга" за која впрочем и им е наплатена.
Ако нарачвам нешто онлајн, поентата е да не излегвам од дома (до врата макс). Дури и да нарачам пица од негде де. Оти ако излезам до главна улица ќе си купам пица од пекарата таму, немало да нарачам достава. Логично. Ко ќе сум со план да излезам од дома одам сама до база. Уличката ми е скриена, а лесно достапна па често ме меткале да излезам до главна улица зошто "не знаеле каде". Устата пена ми фати каде ама еве можело да се научи. Јас сфаќам дека нив им е полесно така, ама ако не им беше дел од работата да идат до врата, ваљда немаше да идат. O well. Turns out it is. @Easter јас би одела до база во ваков случај + би кажала за случајот. Генерално тегнење на телефон со карго е кошмар.
A sto e tolku tesko da izlezes do glavnata ulica? I jas ziveam vo sporedna, pa sekogas sum odela do glavnata i so edno dete koga bev, pa i so dve.
Олеле јака работа, комбе возеле Товарено било Таква е работата, ќе научиш да го возиш ко што треба или ќе бараш друга работа ако ти е тешко. И мене ми прават вакви проблеми. Улицата е лесно достапна, ама упорно се погодува некој што се жали, и тоа е обично Карго Експрес. Другите како можат еве не знам. Карго Експрес прават и други финти за да одиш да си го земеш од база. Секогаш истото ми се случува со нив. Се јавува дека не може денес, а ако им речам дојди утре, ми вика неее, ќе биде за некој ден. Па секогаш пишувам кај испраќачот (нормално ако не е Тему) и одма го носат наредниот ден.
Free delivery е ама не пишува никаде дека е морално до врата, буквално може да ви се јават и од нивен магацин да си ги земете работите. Не знам што сте платиле за ваков "Вип" третмани да барате, еве просветлете не. "Платено" било за на врата. Не знам само каде го прочитале тоа и каде го пишува. Само драми да се направат, ништо не им е погодено.
Mi se pogodile fini dostavuvaci i so takvi sekogas sum se dogovarala i sorabotuvala. Ne mi bilo nikakov problem do glavnata ulica da izlezam, na tri minuti mi e.
Платено е секогаш, небитно дали испраќачот или примачот плаќа. Јас имам многу проблеми со карго службите, клиентите ми се жалат дека не ги добиваат пратките на време, а им се итни во секојдневната работа, значи не купуваат за личен ќеф, туку работат со тоа. Имаме и возила секој ден низ Мк, ама во различни реони и договор со карго имаме плус за оние што им треба нешто итно, а не оди возило тој ден во нивниот реон. Достава до дома/работа таа е поентата на онлајн нарачките, а не да одиш сам да си го земеш. Мојот клиент ќе го остави неговиот клиент за да оди да подигне пратка која нему му треба во тој момент? Не би рекла.
Тему конкретно низ цел свет носат пакети до врата. Таков им е принципот. Не може само едно карго во Македонија да не го почитува тоа.
Тој еко логистик подобро да го нема. Зборувам за Охрид. Во понеделник ми се јавија дека имам пратка и уште не ми е доставено. Со мм го свртевме цел Охрид и не ги најдовме. Укуцав и на мапа. Ги покажува дека се до автобуската станица. Но, тоа им е стара локација. Им пишав порака на тие од каде што порачав и тие интервенирале. Ми кажаа дека пратката ќе дојде во понеделник. Таква неспособност немам видено.
Сакам да поставам едно прашање? Вчера ја инсталирав апликацијата Temu. Избрав некои производи и стојат во кошничка, но кога ќе отидам на "вие" ми стои дека кошничката ми е празна. Ако може некој кој веќе има искуство со Temu да ми објасни како понатаму? Благодарам однапред.
Па во повеќето градови е така.Појма немаат кај им се пратките не се замараат ,со предходната ги" молев" да ми ја достават одвај после неколку дена ,и сега сама си ја подигнав овој пат навистина брзо стигна се изненадив, успат ми беше ,надвор изостајни пратките кучиња ке ги искинат имаше и искинати расфрлани тука по пакетите тие внатре седнати наместо да ги средат.После се жалат и луѓето может ке им фалат делови.
Имаат повеќе локации низ Охрид, мислам се 3. Каде точно ти пишува дека е? Ќе ти објаснам ако сакаш да одиш. Праткиве од Тему преретко ги носат и многу доцнат. Чекаат да одиш да си ги земеш.
Поентата на карго е достава до дома. Има луѓе нарачуваат онлајн зошто физички не можат да излезат и да купат. Не правете глупи муабети како баби
@Bebac да три се, кај музичкото 1, на даме груев 2, и кај пентекс 3...јас пак со нив никогаш немам проблем, некогаш им велам чувајте ми ја во база дека ми е полесно за земање, ако им речам да ми ја достават ми ја носат до 50 метри до работа...сега имам 2 пратки поделени во 4 преку imile т.е. колку што разбрав карго експрес носеле за нив е сега ќе видиме како ќе поминам со нив
Кога не се може не се може,не бидете буквалисти.Што те кошта да излезеш две минути? Чудни сте. Ем бесплатна испорака е за производи до 20 евра ем плачете за беплатна испорака што не е перфектно до ваша врата тука е 200 метра од куќа.Ем не соработувате ем прибирање имате за услуги кои се прости и малку платени.