1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    13.318
    Пол:
    Машки
    А ситуацијава за непристапен терен би била идентична доколку е платена достава до врата или…? :?:
     
    На SummerGirl и blueeparadise им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    57.017
    Пол:
    Женски
    За малку платена работа сочувствувам, најискрено. Ама за тоа ќе се жалиш кај газдата, не кај клиентите што очекуваат тоа што платиле. Доставата е во цената, на доставувачот му е платено да достави до дома.
    Да ти кажам што ме кошта да излезам две минути. Детево треба да го терам да се облече, тоа трае 10 минути минимум. Помалото треба да го облекувам, ставам во количка или носам в раце за да излезам на главна улица зашто не му се влегува во сокак. И кога ќе ми кажат комбе товарено, леле мајко за мало најобично комбе. Не знам кој е во право. Разбирам дека не ви е лесна работата, ама мене едноставно не ми е можно да излезам во најголемиот дел од денот. Настрана тоа што ти викаат тука сум, а треба да чекам минимиум 10 минути надвор.

    И не му барам да донесе кај што не се може, не сум идиот. Многу лесно влегува комбе овде.

    Поштарот од Макдонски Пошти ми носеше до врата. Испадна нив да ги бараме назад, наместо на подобро да оди. :D
     
    На butterfly6223, Калатеа, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  3. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    1.403
    Здраво, ќе ве молам за помош
    Каде да ја најдам зачуваната картичка со која платив?
    Сакам да ја избришам, денес прв пат нарачав
     
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.986
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Во Orders and Account, Payment method, од лева страна скоро па најдолу е. На картичката што ќе ти се појави има Edit или Remove.
     
    На sani99 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    1.403
    Фала многу, најдов
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.713
    Допаѓања:
    40.009
    Пол:
    Женски
    Прв пат нарачав, во четвртокот ми стигнала нарачката во Мк. Од тогаш нема апдејт, а пишува дека треба да ми ја донесат со ЕЛС. Уште стои Prepared for customs clearance. Колку што сфаќам или не е ни предадена на курирот или не е променет статусот. За колку време да ја очекувам, за колку време ви стигнувала вас?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Customs ти е царина
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    56.230
    Пол:
    Женски
    Последниот пат ја чекав пратката 3 недели. Цела недела стоеше на царина без променет статус. Откако ја пуштија одма за 2 дена ја имав до моето место (значи од Скопје до тука).
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    6.661
    Јас прв пат кога нарачав, морав да ја поделам нарачката на 6 или 7 нарачки и мислев дека сите ќе ми стигнат одделно, ама ЕЛС ми ги доставиле сите производи заедно за 19 дена, и тоа памтам касно вечер му се јавиле на татко ми да ја подигне.

    Нарачката уште не ти е предадена на курир, треба да помине царинска проверка прво, после одеше customs cleared така нешто, ги пишува статусите на самата нарачка, па ќе оди во магацинот на ЕЛС, па кај мене после го пренесоа во магацинот најблизу до мојата адреса, па беше предадена на курир и после тоа ми се чини наредниот ден веќе ми беше доставена.

    Сега имам нарачка пример нарачана на 3ти јануари, со непроменет статус "Order shipped" од 5ти јануари, и други 3 дена што стојат со истиот тој статус. Им пишав на CS на Тему, и ми дадоа 20% купон попуст, и еве ме тешат дека ќе стигнат нарачките. :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    866
    Можеби прашањево ми е малку глупаво ама..
    Дали уште даваат попусти и купони за нов корисник и прва нарачка?
    Отворив профил и симнав апликација,имам некои работи во корпа ама никаков попуст не ми даваат за порачките?
    Порано порачував од Али Експрес,но одамна беше,немам баш искуство со кинезиве сега :)
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    40.102
    Пол:
    Женски
    Ти у пештера живееш па мислиш дека стварно е бесплатен шипинг?
    Она што не ти влага во главата е дека некои луѓе НЕ МО ЖАТ!
     
    На Anika55, theunforgiven, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.370
    Допаѓања:
    37.209
    Пол:
    Женски
    Тука ги носат нарачките до врата. Ѕвонат на домофон и се качуваат до пред врата. Некогаш знаат и да не заѕвонат, па пратката може да си ја најдеш пред куќа. Јас живеам во куќа со 3 стана. А ако вратата не е убаво затворена влегуваат и пратката ја оставаат во ходник. Тоа денес се случи со моја пратка (не беше од Тему). Ама јас ја следам испораката на меил и знаев дека е стигната пратката. Два пати имав случај пратките да се кај комшиите на приземје. И на нив им носеле пратки, па им ги дале и моите. Ама оставиле ливче во сандачето кај кого е пратката.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    3.174
    Дали и некој друг приметил дека цените се доста повисоки во последно време? Ко за такви некои работи, баш и не е евтино.
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    6.661
    Има некои работи што се стварно ефтини, ама има некои што се исто како од овде да ги купиш, дури некои и поскапи се. Гледам да купувам работи што се несекојдневни/интересни, не во смисол изум, ама ми се допаѓаат а не можам да ги најдам овде.

    Моите доста ми нарачуваат, и тоа ситници од по 50, 60, 100+, 200+ и почнуваш да губиш осет кога ставаш во корпа, си викаш еј ова ефтино е, ама 100 по 100 се собираат, и една работа да е поскапа, секогаш сметката е над 3000 а кога ќе видиш, ништо посебно не си купил. :drunk: Додуше, така се осеќам и кога ќе отидам во обична продавница или маркет и ќе излезам со полупразни раце за 3000+ :D
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mande007

    mande007 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    има многу работи евтини на Тему, На Али Експрес има многу повеќе работи, но поради проблемите со поштата и после короната кога сите што имаа нарачано си ги добија парите а пратките после 4-5 месеци стигнаа, проблемите продолжија и од тогаш ставаат некогаш имам видено и 15 000 денари поштарина за производ од 100 денари. За патиките на речиси сите. Разликата во Тему од тоа што го увидов е што апликацијата ја имаш и на македонски јазик (изгледа ко транслејт превод) и како активен корисник сум добил 600 денари ваучер а некогаш и како лојален корисник 30 % попуст на одреден производ. Попустот е вистински според мене. Неколку пати имам нарачано маици, една големина порачувам ми доаѓа друга, имаш право на рефондација делумна и целосна, делумна е да ти прават одредена сум на пари како кредит за идна нарачка, или целосна да го вратиш производот со бесплатна поштарина преку ЕЛС. Сепак пак ќе пишам, на Али експрес има многу работи што ги нема на Тему, можеби понатака ќе ги има, како демек што добив некоја информација е дека имаат отворено бази со пратки во поголем дел на европски земји.
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    13.318
    Пол:
    Машки
    Во просек, за колку време стигаат пратките во последно?
     
  17. mande007

    mande007 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    околу 20 дена. Последната ми дојде за точно 20 дена.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.567
    Пол:
    Женски
    Дали треба минимум 600 денари да порачаш за да го пратат?
     
  19. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    2.734
    Пол:
    Женски
    Да, има минимална сума за да може да се реализира пратката. Таа е различна кај секого, кај некој е 600 кај некој 800/900/1100
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.977
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Не сме прости, еве мене не ми е 200 м, јас живеам на крајот од градот а треба да одам и одам на другиот крај да си ја земам пратката. Плус и со кола не можам секогаш а камоли пешки 1 час ми е одење. Па и со дете..

    Овие наши достави не знам што им е филмот, не само за Тему, општо значи секоја достава ми е до дома затоа што стварно не можам да ја земам, реткост е кога можам да ја земам. Секое карго ми се јавува и ми вели имате достава, викам ок, па следува ќе ја земете или?
    Што ви пишува на пратката, до дома? Вика да. Епа до дома. А каде да ја доставиме? Е ова последното кога ме прашаат ми иде од телефон да ги измкнам. Имаат се на пратката, податоци, до каде. Ама убаво им е да глумат лудило :@
     
    На SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.