кога ќе појдиш до каргото ЕЛС ќе им речеш во системот да направат достава до дома. Ми ги оставаа до некни во комшиите, или сум на работа или ми се спие (на силент ми е телефонот). Ми рече доставувачот џо требало некој код да внесат па морам јас да бидам тука. Предност е што артикал по артикал не доаѓаат (многу ретко), ти идат во пакет повеќе, ти ги имаш во новости на апликацијата. Мораш да ги притиснеш нив или да ги пријавиш ЕЛС во Тему. мене многу често во последно време ми одредува лимит 1200 денари блиску тука, тоа е изгледа поради лимитот на царина да нема давачки
И тоа кај секого различно. Некој има лимит некој не. Ама и да нема лимит пак самиот тему ги дели на повеќе пакети, што му доаѓа на исто како со лимит Дали некој нарачувал флекери за гарнитура? Како да ги барам? Ми дава само како прекривачи со ластик, не ми одговараат тие.
Јас упишав sofa covers for living room и ми даде мешано, со и без ластик. Откако отворив една без ластик, повеќе такви ми дава.
Ја не сум добила ама на фб групата имаа пишано коментари дека на некој им ги донел поштар во рокот што е даден од тему а на други дека им стигнало она картончето па од пошта си ги земале. Е сеа дали е тоа за Скопје или друг град не се сеќавам, со оглед дека во Скопје не секоја општина има поштар.
Dali na nekoja i se slucilo pratka od uste od 6 februar pratkata se da mu e vo tranzit 3 4 pati e taka azurirana
Долго време барав ранци низ Скопје, порано купував од Pull & Bear, ама периодов не можев да си најдам, и си порачав 3, два црни, еден беж. Се погодија баш ефтини, бежот со кредити или некој купон испадна 450, црниот ист модел 1040, другиот црн 860. (без попусти) Денес стигнаа, и искрено ептен сум задоволна, баш убаво изгледаат во живо, исти се како на сликите, само на тие двата што се ист модел рамките маалку не им се квалитетни, и мислам дека може лесно да се излижат/поткинат. Ми стигнаа и купачи, ама тие уште ги немам пробано, не можам да проценам баш дали ќе бидат добри. Ако сака некоја линкови, нека каже.
Еден куп имам ствари нарачано. Од се сум задоволна ама ќе ги издвојам слушалките. Значи дома имам од 9500, а овие од 300 ден од тему сто пати бољи и звук и изглед.
И јас сакам линк. И јас имам мака со слушалки добри да си најдам. Најскапите ги платив 900 со блутут. Не помина ни месец дена и се расипаа.