Леле ранциве и ја ги гледам ептен добро изгледаат. На тик ток видов една србинка нарачала сличен и баш добро изгледа по квалитет. Ако некој нарачал нека каже
Јас имам ист ваков, само од Али Експрес, бидејќи Тему уште не беше во мкд, ама претпоставувам истите се. И искрено е пресупер. Квалитетен е и собира многу ствари. Ако си on the move често и не сакаш да влечкаш куферчиња, ова е супер замена.
Како сте задоволни со добиената облека (блузи, патики итн)? Веќе поминаа неколку месеци па дали е океј квалитетот или подобро да се бара на друго место?
Скапичко. Сакав нешто да купам, барав, и на крај сфатив дека подобро е да си купам лично, од продавница. Ем поевтино, ем ќе си го видам со свои очи дали е океј или не.
Повели од ранците, а ќе ти пуштам и од купачите ако сакаш да ги ѕирнеш, 370 денари беа, живо џабе, сега ко за беља уште преубави шарени такви ми излегуваат, исто преефтини. А купив исти вакви спортски купачи, може и не толку добри од Yamamay, 2000 денари беа, може и поскапи, плус не може да се исушат цел ден. https://share.temu.com/rsahqoFWtrA https://share.temu.com/xLnhbMqR6aA https://share.temu.com/1Mrqc1Lv6kA
Ама Карго Експрес многу ме нервираат. Уште пред неколку дена сите пратки ми беа стигнати кај нив, и ок ми ѕвони тогаш еден дечко, тој стварно беше пријатен, и гледам ми носи само две-три мали ќесички. Отварам дома на Тему, гледам се друго им стои уште во магацин кај нив. Нема врска, денес сабајле ме буди некој друг доставувач од Карго Експрес, ми вика имате пратки од Тему, кај е оваа улица, и јас почнувам да му кажувам, добро добро не ми објаснувај, не сум таму јас, кога ќе дојдам ќе ти се јавам, ај чао. Поминаа сто саати, ми заѕвоне, изгледа по грешка, викам ало ало, он си збори со некој тип во позадина му предава пратка, после тоа ниту ми се јави, ни бутур. И страв ми е зошто имам слушано многу лоши искуства од ова карго, дека ако не стигнат да ти достават или не можат да ти ја најдат адресата, пишуваат дека не си кревал на телефон, немало никој дома, си одбил пратка...
Која курирска служба е ова? Имам две нарачки на кои пишува вака и дека се во Маџари, а за тракинг уште стои iMile. Другите две ми се по ЕЛС. 【BP_RDC】Arrived.
Денес ќе правам прв пат нарачка на Тему, па се мислам дали за достава да ја ставам домашната адреса или адресата на работа... дали курирот се јавува пред да дојде на адресата за достава? Не сум сигурна што да правам, пошто на работа сум од 8ипол до 4ипол дома секако пред 5 не стигнувам, да не испадне дошол немало никој дома па да каже не кревале на телефон немало никој и џабе пропаднати парите...?
Стави адреса според тоа какви се куририте во реонот на работа или дома. Не се сите исти, има безобразни курири а има и јако фини. Иначе се јавуваат пред да ја достават пратката