Хммм не би знаела јас во кој реон какви се куририте, ајде помош ако вие знаете. Адресата на работа ми е во Градски Парк што значи Центар/Карпош, а адресата дома ми е во Ново Лисиче.
Далеку сум и од едното и од другото место. Ама еве ако има некој од тие реони нека кажат искуства со курири
Поголеми се шансите да се јават за достава во периодот додека си на работа. Мене барем за пратка од Тему досега само еднаш ме барале после 16h, а и за други пратки, најчесто ми се јавуваат во период од 10 - 15 часот. Некои се јавуваат пола саат порано, некои кога се веќе на адреса, тоа не може точно да се предвиди. Секако има тракинг и ќе знаеш кога е веќе стигната пратката да ја очекуваш. Можеш да се договориш за покасно или за друг ден (работат и во сабота). Ова повеќе пати ми се случило, ќе кажам кој ден ми одговара, они запишуваат и ме бараат на договорениот ден. Досега немало проблем со тоа. Доколку сепак се случи да не ја добиеш пратката, мислам дека можеш да пријавиш и да си побараш пари назад. Ама немам вакво искуство и не знам точно како би одело.
Мене за подигање на пратка ми ѕвонеа во 8:40 сабајле… среќа на работа бев. Ако спиев, требаше со горелки во очите и по пижами да се симнувам по пратката. Не се јавуваат секогаш претходно. Ете мене ми се случи да ми рече за пет минути сум на твојата адреса. Зошто да биде просто кога може да биде сложено.
Јас и онака пратки од Мк сум ги нарачувала на работа. Кога и да ми се јави ќе ме најде таму, без разлика која смена сум. А дома и да сум сабајлето, ќе му речам тука сум до 12, нема да дојде, па следниот ден сум прва смена па не може да дојде после 4, па третиот ден како ќе се погоди. Моја препорака пиши си на работа адресата. За Тему фирмиве доставуваат и покасно навечер, ама од 6 пратки, 5 ги добив од сабајле, само за една ми се јавија после 5.
Сега па во статус стои дека не можеле да ме контактираат и е вратено во Маџари, а никој не ме барал. Колку е веродостојно ова бидејќи не е од наш курир тракингот туку уште е од iMile? Му се случило ли на некој слично?
Исто и кај мене беше вака на тракингот, ми ја донесоа од Брза пратка. Барај ги во главниот магацин, тој е во Маџари.
Му се има случено на некој 4 дена да не е пуштена пратката? На 1ви ја нарачав сеуште се подготвува а е само еден фустан
Не 4, ама 2 дена сигурно. Ама сигурно ти пишува некоја причина, мене ако не ми ја имаат пуштено подолго време, пишува нешто sorry, we are having issues with dispatching the item(s), и да си ја смирам психата, го кликам тоа копчето speed up shipping едно милион пати (не дека функционира де), и до утредента е шипната и се лажам дека е до копчето. Можеш да им пишеш и на чет да ги прашаш исто, ама сигурно некој сличен одговор ќе ти дадат дека имаат проблем со dispatching и ќе гледаат да побрзаат. Кликни на speed up shipment и ќе видиш ќе ти ја пратат до утре.
Да да го пишува тоа. На чат им пошав ми рекоа дека предвидено било од 3ти до 5ти март да ја пуштат, а ако не ја пуштат до 5ти да им пишам пак, па ќе видиме уште утре. А на тоа speed up одма штом ми се појави стискам и тоа по неколку пати на ден
Нема шанси да е од Тему ова. Јас правам нарачки од истата картичка каде што ми стига плата, и претходно на Али Експрес така правев со години. Ова можи да е од други страни за онлајн нарачки кои немаат добра заштита на податоците што ги оставаат купувачите.
Абе оваа кој знае од каде нарачувала, па сеа тему и е крив. На тему му дојде до нејзините пари па уште во крипто валути ги инвестирале абе мижи митре тулумби паѓаат.
Мајка ми нарачува и искрено преубави се, јас очекував некој партал од материјал ама искрено и бојата и материјалот се препреубави
Да ми каже некој што нарачувач маички, топови од Temu во однос на величина. Има еден топ што многу ми се свиѓа ама М, а носам S обично. Пишува Asian M и според димензии што ми излегуваат во size guide е како наше S уствари. Немам претходно ништо нарачувано и не знам дали да го земам M