Ако е asian size се препорачува поголемо да земиш отколку што обично носиш. Но по димензиите можиш да си израчунаш. Земи твоја маичка која веќе ја имаш и измери ја, спореди со димензиите на Тему. Не би требало да згрешиш во тој случај.
Јас имам нарачано само 2 маички и сега чекам фустан. Носам S/M зависи. Маичките ги нарачав М и според табелата ми се ок. Од тие asian бројчиња по табела сум XL величина, така да порачај си поголемо бројче.
Расчепкај убаво низ страницата обично некаде залутано има и европски бројчиња. Обично над величините има EU и таму се појавува табела.
Од каде ги подигате пратките? Ми се јавија ама на работа бев и разбрав дека може да си ја подигнам ама не сфатив каде, нешто шуштеше.
Во секоја општина имаат по неколку магацини/хабови односно во секој реон. Јави им се и прашај ги каде е магацинот за твојот реон.
Како е со облеката од Тему? Задоволни сте со броевите и квалитетот или ги има истите заебанции како што беше на Али?
Да, кај и да појдеш ќе те најдат во систем по адресата и ќе ти кажат каде да одиш или утре да им се јавиш директно во Еко логистик.
На било кој продавач на Тему кај алиштата имаш димензии, измери се со метро и ќе видиш како ти одговара, искрено мене како што овде XL ми одговара и таму истата димензија ми е.
Уште ова извини Дали нешто имаат рок да ја подигнеш пратката? Оти работам до 4,5 саат, тек би можела сабота да ја земам, па ваљда ќе биде таму
Не знам до кога работат во хабовите, ама сигурно се до кај 6-7. Јави им се утре директно и можеш од таму да се договориш кај да ти ја донесат. Или доколку имаш некој дома или комшија кој може да ја преземе пратката и после ти да се јавиш за да потврдиш код за пратка. (јас ова најмногу го практикувам со комшиката од приземје, пензионерка е и таман има работа за неа, па уште и да се качи до горе да види дали сум дошла, па да се туфка цел ден и ќе и помине времето .)
Ок се. Имам и долен веш нарачано, очекував чипката да е шмиргла, ама е баш мека. Исто и блузичките и корсетите меки и нежни се, до сега не ми стигнало нешто ш класа.
Мене иначе ми имаа пратено погрешен продукт, односно погрешна боја, се пожалив, ми рекоа да го сликнам label-от и некое бројче таму, и дали сакам refund на картица или како Тему кредит, одбрав Тему кредит, и за 10 минути ми беше одобрен. Со тоа, ми испратија и купон за 120 денари off на наредна нарачка, и си направив уште една нарачка скроз бесплатно и уште една за 600 денари. Толку, не трошам веќе месецов на Тему, ветувам.
Најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС) на денешната средба со новинарите најави повеќе новини за идните проекти на компанијата. Освен доставата на пратките од двете најголеми шопинг платформи, АлиЕкспрес и Тему, директорот на ЕЛС, Игор Гешовски, најави соработка со неколку нови онлајн платформи за нарачки. Шеин, најголемата платформа во светот за текстил, се очекува да почне да функционира во земјава кон крајот на овој месец, а најдоцна до почетокот на април. Во меѓувреме, најавена е и соработка со платформите „ForDeal“ и „GD“, а во тек се преговори со ТикТок и со Амазон. Што се однесува до популарната платформа Тему, директорот на ЕЛС најави дека месецов веќе граѓаните ќе можат да купуваат и производи до 90 евра, на што ќе се плаќа ДДВ. Досега, максималниот износ за нарачка во Македонија беше 22 евра. Значи супер, Шеин доаѓа, Тему ќе дозволува и поскапи производи од април, а овие ForDeal“ и „GD“ појма немам кои се хаха,