Ја спуштив апп (вие сте криви ако праша мм ) И приметив адреса кога ставава поштенски код сам ,,се пишува" со тоа шо како да не ни оди во главна пошта туку директно тој од надлежната пошта за нашето населено место... веројатно и затоа стига порано Леле па ако стигаат до н.г ќе банкротирам јас
Го сефтосав и јас Temu со нарачка за првпат. Ми пишува дека најрано нарачката ќе стигни на 16ти Ноември, па ако е така одлично!
Разликата е што не се плака шипинг и стига побрзо. И се што ќе нарачаш стига во еден пакет, а не како али секое посебно. А има и работи (исти) што се доста поефтини на тему него на али
Мене ми е исто 900, не знам од што зависи.. Фб група каде што се објавуваат слики и од претходни нарачки https://www.facebook.com/share/g/UzYpb4WzhyazfRTL/?mibextid=K35XfP
Пошто ние сме Конти нација, јас да ви кажам нешто: Се појавија куп групи за Тиму/Тему на Фб да си припазите од каде порачувате да не испадне после не сте знајале. Се порачува строго од страницата на Тему.
Зарем има некој што од фб би нарачал мислам океј е само да се споделат фотки од пристигнати производи
Јас го отворив и некако исто ми се виде што знам, од Али си нарачувам и ситници по долар, два, овдека вака со определена сума мене лично не ми одговара.
Направив нарачка од Тему, минимумот е 900 ден, пишува достава од 15.11 до 06.12, ниеден артикл се уште не е shipped, стои processing, ќе видам баш кога ќе стигнат артикливе..
Јас сега пуштив нарачка, минимум 600 ден., ама х3 од минимумот нарачав Достава од 15.11 до 06.12. Леле ќе свирам на кавалче до плата. Тему, Лаш, Ресервед....