Политика е тоа. Еве Еу водат даночна битка со Кина зишто им го зима пазарот на западните трговци. Ќе ги одданочуваат Тему, Али, Шеин на помала сума.
Немам искуство со ротирачка ама имам од тие едни рачни како чешли што се загреваат до 220 степени, за ништо не ја бива, а ја платив преку 700 ден и коментарите беа wow, а мене косата не ми ја ни чешла што се вика имаш и кај нас четка зa фенирање за 500 денари ако ти е за цената, е сега не е ротирачка а и таа е Made in china...чекај искуства
Ако се логираш првпат како нов корисник преку некоја од рекламите, точно е, имаш 600 ден.(Наместо 1000) минимум порачка. Пиши им ја адресата од работа, ќе ти ја донесат пред врата. Немора да трчаш по нивните хабови за подигнување. Адресата од работа, најдобро, ќе ти ги донесат пред врата. Ако не, може у сабота да ти ѕвонат за достава. Мораш лично, ради кодот да им го кажеш кога ќе ти го испратат.
За една пратка ми пишуваше дека е поделена во 2 пакети, но стигна во еден за само 8 дена. Не очекував толку брзо
Здраво, дали имате искуство со враќање производ од Тему? Нарачавме лустер ама не работи и сакаме да го вратиме. Проблем е што дава само една опција за враќање - "pay by yourself" и не сум сигурна дали би се исплатило
Дали некој има нарачувано selfie stick од Temu и како сте задоволни? Конкретно овој го гледам, сакам да го нарачам но не знам како е со квалитет... https://www.temu.com/mk-en/40-exten...42805652304_i96qnpsat9&_x_sessn_id=99ugwyvqtj
И кај мене преку оваа стигна, во мојот град (Прилеп) TotalPost се вика.. не знам дали има и во другите градови под ова име?
Ми се ѕвонеа, во рандом маалско за се и сешто локалче "база" имале, па отидов си ја зедов. Ама ни име запамтив ни, па ознака некоја видов дека воопшто има карго тука, ако секој ден поминувам тука.
Нарачувала некоја рачни правосмукалки од оние ко за во кола? Оваа ја гледам, не изгледа лошо. Ми треба за да собирам песок од мачкава, да не ја уклучувам големата правосмукалка и да влечам огромна машина по мене само за да усисам околу тоалетот нејзин. Ако има некоја искуство, нека сподели.
Ако нарачаш ќе чекам рецензија. За иста намена купив една од Нептун, 3000 ја платив ама за ништо не ја бива.
Оваа што сум ја постнала на линков е апла за во кола, сега гледам дека приклучокот не е USB приклучок всушност. Ќе побарам деновиве, најверојатно ќе нарачам зашто навистина ќе ми врши работа, а не ми се даваат 3000 за од Нептун или Сетек, ги гледав и таму и некако накај Тему влечам. Бар да не ми е криво ако се расипе, не се скапи.
Јас од Сетек зедов Горење правосмукалче во кола околу 2500 ја платив и мислам со уста да усисавав покорисен сум.
Зедов јас една од Тему, помала ми се чини од оваа што ја имаш постирано, на полнење работи. Неколку дена ја имам, океј е, влече, до душа нормално полесни и поситни работи. И нема којзнае колкав капацитет, на секое бара да се исчисти отпосле, ама лесна е за работа. Е сега кип им мајнд дека ова ти го кажувам според машки стандарди, на мајка ми пример кога и’ кажав што сум нарачал очи ми превртуваше од функционалноста
Сум фрлал пари вака за џабе, пошто на дрво ми растат ама овие 2500 шо му ги дадов на Сетек мислам дека никогаш нема да ги прежалам.