Минатата нарачка ми беше 3500ден и не ни знаев тогаш за можна царина и слично и ми ја поделија на 3. Немав никаков проблем за плаќање ни тогаш ни сега. Претпоставив дека и сега ќе ја поделат ама не.
Од овој месец кажаа од ЕЛС дека до сега било 22е на тему сега покачен лимитот на 45е мислам со што ќе се доплаќа данок, па затоа тему не ја ни дели нарачката веќе.
Се изнакупував обетки како луда и сега немам кај да ги ставам, ми седат сите во ќесичките и после спакувани во уште една голема Тему ќеса. Ај ве молам вие што сте купиле, препорачајте ми некоја добра кутија за накит, вака ни можам да ги распознаам кои се, нит кај се.
Јас имам нешто слично на ова одамна купено, мислам од џамбо, се води како кутија за штрафови и слични ситници ама ми се погоди. Тоа што јас го има преградите се како на шина и можат да се вадат, па практичн се ако некои обетки се поголеми.
Направив две нарачки и ми дава преку ViaPost, Еко престанале со испорака? Јас немав пробеми со испораката преку Еко Логистик. Овие Виа ми носеле од Али Експрес и супер се покажаа, ако не им кренам одма може да се вратат или да ми донесат на друго место.
Е да си жива и здрава, воопшто немаше да ми текне на ваква поедноставна кутија. Сите други беа поголеми кутии од 700 до 1200 денари, што ем не ми се даваа толку пари и ем немав кај да ги ставам, оваа е баш таман со димензии. Најдов иста ваква со 28 прегради, за цели 100 денари , пишав кутија за штрафови и ми даде. Си најдов и squegee за во тоалет, и сега пресреќна, плус дека демек корисни работи сум купила овој пат.
На кој начин ќе се доплаќа данок? Претходно порачував лимитот ми беше 1290, сега имам 2 нарачки по 2400 не ми ги подели.
Известувале од ЕЛС по порака ли, се јавувале ли така нешто и изгледа праќаат трансакциска за да се уплатат парите. Или почекај да ти стаса или јави им се ќе ти објаснат
Сте нарачувале преку Temu Slovenia? Кликнав на фб и ми даде да си бирам што сакам како подарок бесплатно.
После ќе ти даде дека мора да порачаш минимум производи за 1000ка.. според мене се исплати два пати порачав така чекам да дојдат. Едит: автоматски си префрлена на тему Македонија.
Да, да јасно ми е тоа, гледам дека сум на Мк, ама викам да не е некој скем. Некако неверојатно ми изгледаше, затоа прашав, да не има некој искуство.