Овие пораките што ми стигаат на маил од тему не се фејк? Јас никогаш не ги отворив ради таа причина. А нон стоп ми стигаат.
Не не, работат. Не знам како бираат како стигаат, на повеќето профили ги добивам на мејл, ама на 2 од нив стигаат како пораки во самата апликација. Ама исто е, дава некој попуст.
Нема потреба од нов профил. Јас на тој што го користам цело време, добив исто да вртам тркало и исто два бесплатни производи, нарачка од 1000 плус добив 1200 во кодови за попуст
Ама со нов профил има купони што можеш да ги искористиш, јас конкретно секогаш наоѓам 600ден попуст, плус нешто за лудо ниска цена (јакна за 125ден, комплетче за дете 85ден). Јас затоа правам нови профили, ама ако нешто најдам што секако сакам да си нарачам, тоа си правам се од еден профил.
Кај мене дава Credit back, го собирам цела недела со кликање на claim credit и на секоја нарачка ми дава попуст. Дополнително ми дава и тркало да вртам. Само еден профил имам. Многу се исплати. Жива зараза.
Не знам како се наоѓа. Ми се појави и само што ќе ми помине неделата, одма почнува со нов кредит. Вака изгледа.
Последнава пратка ми ја пратиле преку М-Оне, има некоја позитивно искуство со овие или да се спремам да се разбркуваме со денови? Ко за белја тоа ми требаше за побрзо да ми стигне...
Да, јас. Две нарачки во исто време направени. Едната преку М Оне ми стаса пред два дена, другата во екологистик стои уште не ми ја носат. Цело време статусот за достава им беше исти
Една пратка од 2 работи по 300 денари, ми ја поделија во две. И едната е преку Елс, другата М оне. Зошто прават така? Да се бркам со две карга, наместо со едно